“Bitcoin and Friends” контроверзна нова анимирана серија

Излезе нова анимирана серија наречена “Bitcoin and Friends” (Биткоин и пријателите), која ја разбранува крипто заедницата низ интернетот откако првата епизода беше објавена од Uncle Chris Productions. Хумористичниот, а понекогаш и неверојатен цртан филм е серија од осум дела, која има за цел да ги натера луѓето да се смеат за време на депресивниот bear крипто пазар.

Bitcoin and Friends го бараат Недостижниот Татко на Крипто

На 29-ти март, Uncle Chris Productions ја објави првата епизода од серија од осум дела, која го карактеризира животот на еден осамен биткоин во потрага по неговиот изгубен татко. Главниот протагонист во шоуто “Bitcoin and Friends” е “Б”, биткоин кој се наоѓа во болница и започнува авантура за да дознае кој е и кој го создал. На патот, Б наиде на некои чудни пријатели во првата епизода, наречена “Tears of a Clown”, чија приказна се одвива во Њу Џерси во 2009-та година.

Протагонистот се среќава со различни ликови, меѓу кои и неговиот татко Satoshi Nakamoto, Pal Fifty, Itty Bitty, Mitalik, Ethereum и Bankster Henchmen. Целата прва епизода на шоуто може да се види на YouTube, иако се предупредува дека шоуто е NSFW. Преостанатите седум епизоди на цртаниот филм се целосно crowd-funded финансирани, и фановите можат да донираат за “Bitcoin and Friends” преку официјалната веб-страница.

Придонес кон шоуто доаѓа со бенефиции кои вклучуваат можност за добивање на свој личен карактер во шоуто, приватни проекции и дигитални фигури во зависност од тоа колку е донирано. Корисниците можат да донираат BTC, BCH, ETH, LTC, NEO и 12 други криптовалути.

Средствата одат кон буџетот за производство кој се состои од распределба на парите за позајмувачите на гласови, дизајнот на звук, оригинална музика, лиценца за музика, и дизајн на карактерите. Продуцентот на “Bitcoin and Friends”, Роберт Ален, објасни за време на епизодата дека “приказната за Биткоин и крипто е толку разновидна што е очигледно неоткриено богатство за добра комедија, привлечни ликови и приказни”.

“Во првата епизода, започнуваме со почетокот на биткоин во 2009-та година и сакавме да ја покажеме слабоста и несигурноста на тие рани денови”, објаснува Uncle Chris, режисерот на шоуто и гласот на главниот лик кој го нарекува Б. “Биткоин ќе стане помоќен и сигурен како што сезоната напредува “, додаде Uncle Chris.

Повраќајќи Proof-of-Work

Во текот на епизодата, ние откривме дека Б страда од состојба позната како “Proof-of-Work”, која се случува кога тој повраќа купишта помали биткоини од неговата уста. Б, исто така, се сретнува со афроамерикански лик по име Џонс кој го придружува биткоин кога се среќава со познатиот изумител на Етереум наречен “Mitalik”. Креаторите на шоуто имаат за цел да го користат начинот на живеење во Њу Џерси и хуморот како начин да “едуцираат луѓе кои не се запознаени со биткоин и сличните технологии и да ги доведе во просторот.” “Ние сметаме дека тоа би можело да биде добра влезна точка за оние кои не се во крипто заедницата и ние исто така се надеваме дека емисијата ќе биде како вентил за ослободување на притисокот за крипто заедницата во целост”, објасни Ален во едно неодамнешно интервју.

За следните седум епизоди се чека да се обезбедат доволно финансиски средства за да бидат емитувани, а содржината на претстојните приказни е тајна сè додека не се заврши финансирањето. Сепак, следните епизоди се веќе насловени и се состојат од шоу-наслови Existence Crisis, The Silky Road, Federal Undercover Agents (F.U.D.), The White Paper, A Coin On A Mission, The Big Bank, и Jamie Sapphire & The Rod Of Truth.

Uncle Chris Productions исто така бара помош ако луѓето сакаат да придонесат за новата комедија базирана на оригиналната криптовалута. Продукциската екипа бара талентирани писатели, уредници, аниматори и илустратори за да ја одржи работата на серијата и секој може да допре до тимот.

Leave a comment