Binance ja откри „Venus“ – свој проект како ривал на Libra на Facebook

Една од поголемите крипто берзи Binance, започнува со отворен блокчејн проект „Venus“ фокусиран на развој на локализирани stablecoin во светот.

Во објавата објавена денес, 19-ти август, берзата тврди дека e во добра позиција да се лансира таков валутен екосистем во светло на нивната постојна технологија на јавен синџир, Binance Chain, широка корисничка база и веќе воспоставените мерки за глобална усогласеност.

Искористување на постојното знаење и искуство

Берзата вели дека бара партнерства со влади, корпорации, технолошки фирми и други крипто и блокчејн проекти со цел да се развие нов валутен екосистем кој ќе ги зајакне и развиените и земјите во развој.

Визијата на берзата за проектот, според објавата, е „изградба на нов отворен сојуз и одржлива заедница“ во кој се вклучени партнери кои имаат влијание на глобално ниво.

Binance Chain, како што се забележува во објавата за јавноста, веќе пушти во употреба неколку stablecoins, вклучително и BTCB поддржан од Биткоин и Binance BGBP Stable Coin (BGBP) врзанa со британската фунта.

Binance вели дека ќе ја искористи постојната инфраструктура и искуство со различни регулаторни режими за консолидирање на систем за контрола на ризик и изградба на мултидимензионална мрежа за соработка за проектот Venus.

Амбициозниот нов потфат на Binance се чини дека се натпреварува директно со плановите на гигантот на социјалните медиуми Facebook за лансирање на stablecoin поддржан со девизи, Libra, со што би се наметнала глобална мрежа за крипто плаќања, вградена во три апликации кои се во целосна сопственост на компанијата: WhatsApp, Messenger и Instagram.

Со својот избор на име „Venus“, Binance влегува во астролошките води на проектот „Libra” на Facebook и „Gemini dollar“ на близнаците Винклвос и нивната берза Gemini.

Leave a comment