Binance ќе го отвори својот ‘Binance Chain’ во “скоро време”

Binance, најголемата крипто-берза во светот со обем на тргување, ќе започне свој блокчејн “Binance Chain” во “наредните месеци”, како што компанијата објави во твит на својот Twitter профил на 4-ти декември.

Новата блокчејн со поддршка од Binance има за цел да обезбеди основа за креирање на нови криптовалути и ICO токени, како што вели компанијата во твитот:

“Binance врши притисок за усвојување блокчејн и прави многу работи за да помогне во унапредувањето на индустријата. На пример, ние ќе го имаме Binance синџирот подготвен во наредните месеци, на кој милиони проекти можат лесно да издаваат токени.”

Според Forbes, Binance ги објави своите планови за време на неодамнешниот приватен настан во Сингапур, кој го водеше Forbes Asia. Говорејќи на настанот “Дешифрирање на блокчејн за бизнисите”, извршниот директор на Binance, Чангпенг Жао (CZ) изјави дека новите планови всушност укажуваат на стара визија за крипто, што очекува да доведе до зголемување на неговото усвојување на глобално ниво.

Со цел да се постигне фундаментално “зголемување на усвојувањето на плаќањата”, CZ изјави дека компанијата “навистина врши притисок во тој простор”, бидејќи нивната “оригинална намера” не им успеала “поради некоја причина”.

Авторот на Forbes, Мајкл дел Кастиљо, кој ги претстави последните вести, коментираше на Twitter дека очекува дека ќе има “милиони монети и илјадници блокчејни”.

На 8-ми ноември, CZ откри дека бизнисот на Binance се уште е “многу стабилен”, и покрај неодамнешниот пад на обемот на тргување од околу 50 отсто, како и значителниот пад на крипто пазарите оваа година. Извршниот директор на Binance изјави дека иако Binance поседува само 10 проценти од обемот на тргување што го имале во јануари 2018-та година, обемот се уште е поголем од оној пред “две или три години”, а бизнисот е “се уште профитабилен”.

Неодамна, Binance ја започна својата fiat-кон-крипто берза во Уганда, овозможувајќи им на своите купувачи да купат две големи криптовалути – Биткоин (BTC) и Еthereum (ЕТH) – со локалната fiat-валута Угандскиот шилинг (UGX).

Од прес време, Binance е една од најголемите крипто берзи во светот, со прилагоден дневен обем на трговија од околу 587 милијарди долари, според CoinMarketCap.

Leave a comment