Binance ќе воведе сопствени stablecoins во рок од два месеца

Водечката крипто берза Binance, наводно, ќе издаде свои сопствени stablecoins во рок од два месеци, објави Bloomberg на 5-ти јуни.

Главниот финансиски директор на Binance, Веи Жу, изјави за Bloomberg дека берзата ќе започне да издава сопствени stablecoins “за неколку недели или скоро два месеца”, со цел да се направат повеќе достапни stablecoins за светските валути.

Првиот stablecoin на берзата наречен “Binance GBP”, наводно, ќе биде деноминиран и 100% поврзан со британската фунта. Жу, исто така, откри дека Binance ќе заработи пари од интерес на девизни депозити, како што прави tether (USDT).

Покрај Binance GBP, Binance планира да воведе низа други stablecoins поддржани од други валути, со исклучок на американскиот долар. Објаснувајќи ја одлуката на компанијата, Жу изјави дека “од гледна точка на корисниците, само одредени делови од светот го користат доларот. Останатите корисници ги користат другите валути и сметаме дека истото треба да се рефлектира и во stablecoins”.

Домашните stablecoins на Binance, исто така, наводно ќе го намалат уделот што го има tether на пазарот на Binance, кој во моментов претставува над 50% од stablecoin волуменот на берзата, според Жу.

Веста за тестирањето на stablecoin поврзан со британската фунта од страна на Binance, првично се појави на 4-ти јуни, кога Twitter корисникот CryptosBatman забележа дека опцијата “$BGBP” се појави на Binance платформата. Извршниот директор на Binance, Чангпенг Жао потоа коментираше за твитот, потврдувајќи дека поврзаните фунта и stablecoin се во фаза на тестирање, со само 200 фунти.

Leave a comment