Binance на конференцијата на ОН ја презентираше блокчејн веб-страницата за донации

The Blockchain Charity Foundation (BCF), социјален проект на најголемата криpto berza во светот Binance, ја претстави блокчејн платформата за донации, објави Binance Blog во петокот, 26-ти октомври.

Проектот за донациии беше објавен во средата, 24-ти октомври, за време на World Investment Forum организиран од Конференцијата за трговија и развој (UNCTAD) на OН во Женева, Швајцарија.

На форумот, извршниот директор на Binance, Чаппенг Жао – исто така познат како CZ – учествуваше на сесијата за Блокчејн за одржлив развој. Тој изјави дека Binance ќе ги покрие сите оперативни такси на новата BCF  блокчејн веб-страница за донации , додавајќи дека сите донации ќе одат директно кон тие за кои се наменети. Жао, исто така, изјави дека блокчејната технологија ќе помогне да се подобри транспарентноста во донирањето.

Според Binance, BCF прво ќе ја користи својата платформа за донација за да собере средства за жртвите на поплавите и лизгање на земјиштето во Источна Уганда. Исто така, откри дека децентрализираниот блокчејн проект TRON Foundation ветиле првична донација од 3 милиони долари за BCF.

Според веб-страницата на проектот, BCF веќе прима донации во Биткоин (BTC), Еthereum (ЕТH) и Binance Coin (BNB).

За време на истата UNCTAD конференција, Жао, исто така, даде краток извештај за крипто донациите собрани за да и помогнат на Западна Јапонија по катастрофалните поплави во средината на јули, каде што 225 лица загинаа, а 17.000 куќи беа оштетени. Binance успеа да дистрибуира над 500.000 американски долари на разни организации преку локални посредници.

Во почетокот на октомври, Жао објави дека сите средства собрани на Binance ќе бидат донирани во добротворни цели. Во неговата изјава, извршниот директор изјави дека Binance, исто така, ќе им овозможи на програмерите самите да го именуваат износот што го плаќаат, без да бараат минимална такса.

Binance моментално е најголемата крипто берза во светот со дневен обем на трговија од 467 милијарди долари, што е за осум проценти повеќе во последните 24 часа.

Leave a comment