Binance започна со хуманитарна кампања за поддршка на младината во Малта

Најголемата крипто-берза Филантропската гранка на Binance, Binance Charity Foundation (BCF), отвори нов канал за собирање финансиски средства на својата блокчејн платформа за донирање.

Новата програма се спроведува како поддршка на неизлечливо болни пациенти и хендикепирани деца во Малта и Гозо. Веста беше споделена во соопштението за печатот на 19-ти декември.

Наречена “2018 L-Istrina Campaign”, новиот канал ќе привлече средства за помош на националната добротворна организација, The Malta Community Chest Fund (MCCFF), која работи на подобрување на животите на граѓаните на малта и Гозо и семејства погодени од болест, инвалидитет, или економска ранливост. Одредбата на Фондацијата опфаќа медицинска помош, советодавни услуги, финансиски средства, пакети за социјална помош и нега.

Врз основа на пристапот на MCCFF до 15.000 корисници во 2017-та година, новиот канал за собирање финансиски средства цели кон еквивалентен број за оваа иницијатива. Снимени на блокчејн, донациите во фондот се проследени целосно.

MCCFF понатаму вети дека ќе објави месечни апдејти за откривање на бројот на корисници до денес, за формата на помош што им е понудена, како и за расчленување на трошоците во различни категории за поддршка на кампањата.

Според соопштението за медиумите, Binance, како и децентрализираниот интернет-проект TRON, се обврзаа да донираат 100.000 долари во криптовалути на фондот. Вкупната сума на донации, наводно, ќе биде објавена за време на 12-часовен меѓународно телевизиски добротворен телетон L-Istrina, на уште неоткриен датум.

Чанпенг Жао (CZ), извршен директор и основач на Binance, коментираше дека “со блокчејн технологии, можеме да го решиме проблемот со транспарентноста во добротворни цели”, со што се создава поголема доверба и учество во добротворни иницијативи.

Претседателката на Малта, Мари-Луис Колеиро Прека, позитивно реагираше на блокчејн платформата за донации, велејќи дека тоа им овозможува на компаниите во просторот да ги изразат своите “вредности за корпоративна општествена одговорност и ефикасно да покажат како иновативната технологија на блокчејн се користи за општественото добро “.

Binance ја претстави оваа добротворна платформа BCF овој октомври, со иницијатива за собирање финансиски средства за жртвите на поплавите и лизгање на земјиштето во Источна Уганда. Платформата поддржува донации во Биткоин (BTC), Еthereum (ЕТH) и сопствениот токен на платформата, Binance Coin (BNB). За време на лансирањето на платформата, фондацијата TRON вети донација од 3 милиони долари за BCF.

Овој септември, Ripple започна сопствена формална програма за социјални влијанија наречена “Ripple for Good”, која собира вкупно 25 милиони долари од фирмата, заедно со 80 милиони долари во донации за инвестирање во проекти фокусирани на образование и финансиско вклучување.

Други големи добротворни иницијативи во крипто просторот оваа година ја вклучуваат и непрофитната иницијатива GiveCrypto.org, која беше лансирана од извршниот директор на крипто-берзата Coinbase, Брајан Армстронг во јуни.

Binance е моментално најголемата крипто берза во светот, со над 1,1 милијарда долари во обемот на трговија во последниве 24 часа.

 

Leave a comment