Bentley, Bugatti и Rolls-Royce најавиja дека сега прифаќaат и Биткоин

Луксузното малопродажно претпријатие Post Oak Motor Cars, наводно, е прв дилер на Rolls-Royce, Bentley и Bugatti во САД кој ќе прифаќа Биткоин (BTC) и  Bitcoin Cash (BCH) како средство за плаќање, според официјалното соопштение за печатот објавено на 5-ти септември.

Луксузното малопродажно претпријатије, во сопственост на американскиот бизнисмен Тилман Фертита, го интегрира давателот на услуги за крипто-плаќање BitPay, за да им овозможи на клиентите да купуваат автомобили со крипто. Според соопштението за печатот, фирмата со седиште во Тексас ќе прифати купувања во крипто од клиенти ширум светот.

Фертита коментираше дека компанијата одлучила да ја обезбеди новата опција за плаќање со цел да им понуди на своите клиенти “најдобри искуства за купување”, како и да овозможи секој во светот да може да ги купи нивните возила “побрзо и полесно”.

Кон крајот на минатата година, милијардерот Фертита им изјави на новинарите дека повеќето луѓе “никогаш не купуваат [Биткоин]”, бидејќи “не е осигурано од страна на FDIC [Федерално осигурување на депозити].”

Претходно оваа година, големиот Американски производител на автомобили Ford, поднесе патент за систем за комуникација од-возило-до-возило, кој вклучува размена на крипто токени за да се олесни протокот на сообраќајот.

На почетокот на март 2018-та година, Германскиот производител на автомобили Daimler AG, познат по своите брендови Mercedes-Benz и Smart brands, претстави своја сопствена дигитална валута MobiCoin со цел да ги наградат возачите за eco-friendly возењето, како што е возењето со мала  брзина.

Leave a comment