Bank of America има најмногу блокчејн патенти, но дали всушност ги користи?

На 30-ти октомври, Bank of America (BofA) додаде уште еден патенти поврзан со криптовалути на својата колекција на повеќе од 50 апликации поднесени во истата област.

Втората по големина банка во САД водеше во неформалната блокчејн патентна трка, претркувајќи ги таквите играчи како IBM и Alibaba. Сепак, тоа не значи дека BofA е bullish – компанијата јавно критикуваше криптовалути, потпирајќи се на патентите најмногу поради тоа да делува прогресивно во  fintech заедницата.

Кратка историја на блокчејн патентите на BofA

Банката го поднесе својот прв патент поврзан со блокчејн во март 2014-та година, а беше објавен од страна на Канцеларијата за патенти и трговски марки во САД (USPTO) – управниот орган кој доделува авторски права за пронајдоци во земјата – во септември 2015-та година. Наречен “Wire Transfers Using Cryptocurrency”, не го спомна зборот “блокчејн”, но опиша систем каде што средствата се испраќаат помеѓу различни акаунти користејќи ја основната технологија на криптовалути.

Се чинеше дека е прва крипто апликација поврзана со голема банка во САД, а можеби и во целиот свет. Изгледа дека не е изненадувачки што BofA беше првата од ваков вид да бара таков патент, имајќи предвид дека исто така беше и една од првите банки кои започнаа да покриваат Биткоин во 2013-та година, кога објави извештај составен од стратези како Дејвид Ву, Иан Гордон и Вадим Јаралов. Со наслов “Биткоин: прва проценка”, извештајот тврди:

“Биткоин би можел да стане главно средство за плаќање за е-трговија и може да се појави како сериозен конкурент на традиционалните даватели на пари. Како средство за размена, Биткоин има јасен потенцијал за развој”.

Во септември 2015-та година, истиот месец BofA беше наградена со крипто патент, финансиската институција се приклучи кон R3, конзорциум од над 200 членови, вклучувајќи различни банки, трговски здруженија и fintech компании, кои работат на развивање блокчејн решенија.

Така, почнувајќи од “Wire Transfers Using Using Cryptocurrency”, патентите ориентирани кон блокчејн се натрупуваат за BofA. Во декември 2015-та година, USPTO објави десет нови записи поднесени од страна на банката во јули 2014-та година, од кои сите го спомнаа зборот “криптовалути” во насловот и се осврнаа на различни системи, како што се “Offline Storage Vault Storage System”, “Online Vault Storage System”, итн.

Следниот месец, во јануари 2016-та година, банката откри дека се подготвува да испрати уште 20 други апликации за патенти ориентирани кон блокчејн во канцеларијата на USPTO. Во интервју за CNBC, главниот оперативен директор за технологија во BofA, Кетрин Бесант изјави:

“Како технолог, технологијата ме фасцинира. Се обидовме да останеме во првите редови. Мислам дека имаме некаде околу 15 патенти, повеќето луѓе ќе бидат изненадени од толку блокчејн патенти на Bank of America во крипто просторот”.

Конечно, BofA го обезбеди првото место во неофицијалната патентна трка – до јуни 2018-та година, институцијата поднесе околу 45 патенти (што значи дека тие се активни и не истекле), најголема бројка меѓу сите компании, според истражувањата на Марк Кауфман, адвокат ко-претседавач на блокчејн советот за интелектуална сопственост во Комората на САД за дигитална трговија.  Bank of America ги заобиколи таквите технолошко ориентирани играчи како IBM и Alibaba, а да не ја спомнуваме нејзината директна конкурентка – Royal Bank of Canada (RBoC)која  беше втора меѓу сите банки, со само осум патенти.

“Важно е да си го резервираме нашето место”: комплицираниот однос на BofA со крипто-технологијата

Напорите на BofA во доменот блокчејн не мора да значи дека компанијата ќе развие вистински производи. Ниту, пак, значи дека компанијата е bullish во однос на сите нешта поврзани со крипто. Сосема спротивното, BofA јасно стави приоритет на имањето регистрирана технологија отколку што навистина ја користи.

Во 2016-та година, Кетрин Бесант изјави за CNBC дека постојните патенти поврзани со блокчејн се “многу важни […] да го задржиме нашето место дури и пред да знаеме што може да биде комерцијалната апликација.” На CB Insights, Future of Fintech настанот, во Њујорк во јуни оваа година, таа коментираше:

“Имаме околу 50 патенти во блокчејн / дистрибуиран ledger просторот […] Додека не најдеме големи можности, сакаме да бидеме пред тоа, сакаме да бидеме подготвени”.

Имено, овие напори не ја спречија банката стара 113 години да го нарече Биткоин “вознемирувачки” и да ја зголеми својата одлука да ги забрани клиентите да купуваат крипто со нивните кредитни картички. Покрај тоа, во својот годишен извештај објавен во февруари, BofA призна дека криптовалутите се закана за нивниот бизнис модел, наведувајќи:

“Клиентите можат да изберат да соработуваат со други учесници на пазарот кои се занимаваат со бизнис или нудат производи во области што ги сметаме за шпекулативни или ризични, како криптовалутите”.

Во август 2018-та година, Мајкл Вуелер, блокчејн експерт во ConsenSys, кој претходно работел во BofA повеќе од 11 години, според неговиот профил на LinkedIn, објави дека додека неговото име е наведено на 8 од 50 BofA блокчејн патенти како нивен пронаоѓач, и тие се “бесмислени” од неговата перспектива. Вуелер тврдеше дека патентите биле поднесени за да привлечат медиумска покриеност и да ја направат банката да изгледа прогресивна во fintech просторот.

Навистина, имањето на fintech патент не мора да значи дека ќе се користи во иднина. Блокчејн патент, како и секој друг патент, е збир на ексклузивни права издадени од официјален орган – суверена држава или меѓувладина организација – која пронаоѓачот или претставникот ги добива во замена за откривање на нивниот пронајдок на јавноста.

Како што објаснува Bloomberg, бизнис-ориентираните блокчејн патенти “се суштинска состојка за компаниите кои сакаат да ја преструктуираат индустријата за финансиски услуги или создаваат профитабилни бизниси поврзани со криптовалути.” Во суштина, патентите им помагаат на компаниите да привлечат инвестиции, да ги заштитат имотните права и да ги соберат монополските профити од други компании користејќи ги нивните пронајдоци – и тоа може да биде случај со BofA.

Најнови патентни поднесоци на BofA: од приватни клучеви за складирање до систем за размена на криптовалути

Еве некои детали за блокчејн напорите на BofA објавени од страна на USPTO во изминатата година. Ова треба да обезбеди појасна слика за тоа како банката планира да ја користи технологијата, барем хипотетички:

Приватни клучеви

Последната награда за патент поврзана со крипто на BofA, која беше потврдена на 30-ти октомври, упатува на методи за чување на приватни клучеви.

Поточно, се вели во поднесокот дека сегашните можности за обезбедување на приватни клучеви кои не може да бидат менувани, не се доволни.

“Додека голем број […] уреди можат да обезбедат докази за нарушување на безбедноста (т.е. физичко или нефизичко менување со уредот и / или податоците), таквите уреди не обезбедуваат одговор во реално време за таквите прекршоци, како на пр. дека е спречено проневера на приватни крипто клучеви.”

“Затоа, постои потреба за сигурно средство за складирање на приватни крипто клучеви. Посакуваните средства за складирање треба да го намалат ризикот од проневера на клучеви поради тоа што се чуваат внатрешно во рамките на компјутерски јазол што често или, во некои случаи, постојано е достапен преку јавна комуникациска мрежа, како што е Интернетот.”

Повеќекратни дигитални потписи

На 18-ти септември, USPTO и додели патент на  BofA за адаптација на повеќе дигитални потписи во дистрибуирана мрежа.

Патентот предлага систем за управување со податочна комуникација од уреди поврзани со интернет. Во документот се нагласува дека “пронајдокот обезбедува автоматско одредување на кои уреди комуницираат со кои трети лица и видот на податоци што се доставуваат до тие ентитети.”

Предложениот систем на BofA адресира уреди во Internet of Things (IoT) средина, опишувајќи како секој од уредите во мрежата ќе комуницира меѓусебно со податоците “на континуирана основа”, додека системот ќе му дозволи на корисникот да “избере да го забрани (т.е. , блокира) или ограничи кои податоци се доставуваат до кои трети лица.”

Надворешна валидација

Во јули, USPTO го објави патентот на банката за систем базиран на блокчејн што овозможува надворешна проверка на податоците.

Така, поднесокот на BofA предлага користење блокчејн за следење на информации за ресурсите и потврдување на трансфери на ресурси, тврдејќи дека “во моментов постои потреба за обезбедување поточна индикација за финансиската состојба на корисникот со тоа што ќе се дозволи надворешна валидација на податоците во мрежата во процесот.”

Патентот опишува како системот ќе ги евидентира информациите на блокчејнот врз основа на “збирните информации поврзани со минатите пренесувања на ресурси извршени од страна на ентитетот” и ќе ги апдејтира информациите на блокчејнот со секоја нова трансакциска активност.

Складирање на податоци

Во април беше презентирана апликација на банката за патент на систем за складирање базиран на блокчејн со автоматска идентификација на податоци. Документот првично беше поднесен во октомври 2016-та година.

Во документот, авторот BofA опишува систем со примена на блокчејн за автентикација на податоци и обезбедување на сигурен пристап на споменатите податоци до давателите на услуги. Патентот се осврнува на проблемот со пренос на податоци и следење, за кој се вели дека може да се реши со помош на крипто клучеви во приватни блокчејни:

“Пронајдокот користи приватен блокчејн за складирање на разни видови записи кои треба да се пренесат на давателите на услуги. На овој начин, поединецот или ентитетот може безбедно да ги зачува на блокчејн сите записи што се релевантни за давателите на услуги, а потоа им даваат на давателите на услуги обезбеден пристап до наведените записи, така што давателите можат да пристапат само до специфичните записи за кои се овластени, на пр. давателот на здравствена заштита може да пристапи само до здравствените досиеја на блокчејнот “.

Авторот, исто така, ги истакнува недостатоците на конвенционалните методи за споделување и чување на евиденција, како што се прилозите за е-мејл, тврдејќи дека тие се чувствителни на менување бидејќи “немаат вграден механизам за верификација на евиденцијата”. Системот базиран на блокчејн, би претставувал ефикасен, безбеден и сигурен начин за складирање на евиденција и само обезбедување на пристап од овластените лица.

Систем за размена на криптовалути

Во декември 2017-та година, BofA беше наградена за патент кој го нагласува системот за дигитална размена на валута. Според документот, системот ќе овозможи конверзија на една дигитална валута во друга автоматски, со девизниот курс кој ќе се одредува врз основа на надворешни податочни информации.

Според пријавата за патент, предложениот систем ќе собере податоци од надворешни извори на информации за тековните девизни курсеви на виртуелната валута и ќе ги искористи податоците за пресметување на сопствената оптимална стапка. Поточно, поднесокот гласи:

“Претпријатијата можат да се справат со голем број финансиски трансакции на дневна основа. Како што напредува технологијата, финансиските трансакции кои вклучуваат криптовалути станаа почести. За некои претпријатија може да биде пожелно да се разменат валути и криптовалути.”

Leave a comment