Asus им овозможува на гејмерите да фармаат крипто со нивните неактивни графички картички

Тајванскиот технолошки гигант Asus сега им овозможува на гејмерите да ја користат моќта на своите графички картички за да заработат дел од профитот од крипто фармање.

Компанијата во четвртокот објави дека соработува со снабдувач на апликации за фармање Quantumcloud, за да им овозможи на гејмерите да заработат “пасивен приход”, дозволувајќи пристап до нивните Asus графички картички (или GPUs) кога не се користат за други задачи на персоналниот компјутер. Приходите ќе бидат исплатени преку PayPal или WeChat.

Апликацијата ги користи гејмерските GPU-и за колективно cloud фармање – во теорија, барем – генерира профит, давајќи им на сопствениците на картички процент врз основа на износот на моќност, беше објавено на веб-страницата на Quantumcloud.

Приватноста на финансиските податоци на корисниците на апликацијата е заштитена со Регулативата за заштита на податоците (GDPR), истакна од Аsus.

“Како дел од својата заложба за заштита на корисничките податоци, Quantumcloud лансираше со усогласеност со GDPR и не бара од клиентите да создадат уникатна најава. Наместо тоа, клиентите го користат својот постоечки PayPal или WeChat акаунт за да се најават и да ја соберат својата заработка “, изјавија од фирмата.

Quantumcloud сепак, не гарантира дека корисниците на нивниот софтвер ќе направат профит. “Стапките на заработувачка може да се променат врз основа на перформансите на крипто пазарот и не можат да бидат гарантирани или да им се влијае на било кој начин од страна на Quantumcloud”, стои во соопштението.

Почесто, крипто фармачите ги користат нивните процесори за да фармаат крипто поединечно или колективно во базени, користејќи посветен софтвер преземен на нивните компјутери. Меѓутоа, некои криптовалути како биткоин не можат ефикасно да се исфармаат со графички процесори, за нив треба посебен процесор наречен ASIC затоа што фармањето има повеќе нивоа.

Сепак, крипто фармачите минуваат низ тешки моменти перидов, иако цените се ниски ама фармањето станува се потешко и потешко. Се проценува дека стотици илјади луѓе ја напуштиле крипто индустријата во последниве недели. И вчера, Кинескиот фармачки гигант Canaan Creative привремено ги намали цените на сите свои крипто-фармачки апарати на 200 долари.

Побарувачката за графичките процесори од крипто фармачи исто така се намали во последниве месеци. Во август, Американскиот производител на чипови Nvidia издаде финансиски извештај што укажува на “значителен пад” во продажбата, главно поради намалувањето на побарувачката на фармачите.

Leave a comment