Apple и Microsoft прават нови крипто потези

Големите технолошки компании како Apple и Microsoft го зголемуваат својот избор на алатки за блокчејн девелоперите. Додека Apple ќе објави CryptoKit, рамка за криптографски функции, Microsoft развива паметна алатка за ревизија на договори.

Apple CryptoKit ќе биде нова рамка за “безбедни и ефикасни” криптографски операции. Таа ќе им овозможи на девелоперите да вршат заеднички криптографски задачи како хашинг, генерација на клучеви и енкрипција во претстојните 13 iOS апликации.

CryptoKit има за цел да го олесни процесот на следниве операции:

  • Пресметување и споредување криптографски безбедни digests.
  • Користeње на криптографија од јавен клуч за креирање и оценување на дигитални потписи, како и за извршување на размена на клучеви.
  • Генерирање симетрични клучеви за операции како енкрипција и автентикација на пораки.

Таквата функционалност ќе им овозможи на корисниците на Apple да ги чуваат и да ги задржат своите приватни клучеви во iOS уредите како што е iPhonе.

Во меѓувреме, Microsoft објави Azure Blockchain алатка за ревизија на паметни договори за Eтереум, наречена VeriSol, кој е верификатор за јазикот за програмирање Solidity. Софтверот го насочува процесот на ревизија на коди со автоматски безбедносни проверки.

“VeriSol ни овозможува да повторуваме побрзо поради автоматската и континуираната проверка, и ни овозможува побрзо да ги најдеме грешките, без да мора да се грижиме за потенцијално загрозување на потрошувачите”, изјави инженерот на Azure Blockchain, Коди Борн, во еден блог пост на Microsoft.

Формалната верификација на паметни договори честопати претставува проблем кога се прават хардверски и софтверски компоненти и бара високо квалификувани лица за задачата.

“Употребата на формална верификација за софтвер за производство бара лица што се вешти во високо специјализирани формални јазици и алатки, што на девелоперските тимови им наметнува поголем трошок за учење и често неколку годишни инвестиции за да се совлада високософистицираната задача за верификација”, објасни истражувачот на Microsoft Шувенду Лахири.

Тимот се надева дека алатките како VeriSol ќе им помогнат на девелоперите да избегнат скапи грешки во паметните договори. Иако VeriSol се уште е само прототип, тоа е целосно отворен код, така што секој љубопитен може да го испита тоа на GitHub.

Ваквите потези само го докажуваат растечкиот ентузијазам на технолошките гиганти за системи базирани на блокчејн. Фирми како Facebook и JPMorgan исто така веќе ги развиваат нивните услуги за мобилни уреди. Додека во мај, Microsoft објави дека ќе отпочне ION (Identity Overlay Network), децентрализирана, јавна инфраструктура која работи на биткоин блокчејнот, овозможувајќи десетици илјади операции во секунда.

Сепак, еден неодамнешен извештај од истражувачите Gartner тврди дека 90% од веќе имплементираните бизнис решенија за блокчејн “ќе бараат замена во рок од 18 месеци за да останат конкурентни, безбедни и да избегнат стареење”.

Leave a comment