Amazon “ќе мора” да создаде свој крипто во иднина, изјави извршниот директор на Binance

Еден од најпознатите личности во крипто индустријата потврди во свој твит на 2-ри февруари, дека се уште верува дека онлајн-гигантот Amazon не може да избегне издавање на свој altcoin.

Разгледувајќи го интернет-бизнис секторот пошироко, Чангпенг Жао – извршен директор на најголемата крипто берза Binance – изјави дека прашање е на време кога Amazon ќе издаде своја монета.

Малопродажниот гигант вложуваше напори да прифати форми на блокчејн технологија во минатото, но неговиот однос со криптовалути останува поврзан само со гласини.

Таквите гласини периодично се појавуваат во печатот, вклучувајќи ги и оние во кои се вели дека Amazon би можел да го интегрира Биткоин (BTC) како начин на плаќање.

“За секој интернет (не-физички) бизнис, не разбирам зошто некој не би прифатил крипто за плаќање. Полесно, побрзо и поефтино за интеграција од традиционалните платежни портали. Помалку документи. И достигнува поразновидна демографска и географска слика “, напиша Жао на Twitter, додавајќи одделно:

“Амазон ќе мора да издаде валута порано или подоцна.”

Жао ја даде својата изјава истата недела кога извршниот директор на Twitter, Џек Дорси, го повтори своето предвидување дека интернетот самиот ќе почне да користи една стандардна валута, особено Биткоин.

Говорејќи на Joe Rogan Experience  подкастот објавен на 2-ри февруари, Дорси предупреди дека иако тој не може да биде сигурен дека Биткоин на крајот ќе ја исполни оваа улога, најголемата криптовалута се чини дека е најјасен избор.

“Биткоин самиот е нешто што е родено на интернет, беше развиен на интернет, беше тестиран на интернет; тоа е производ на интернетот”, изјави тој.

Leave a comment