Amazon: Како гигантот во е-трговија го избра блокчејн преку Биткоин

На 13-ти ноември Amazon доби два патенти поврзани со крипто. Додека Американскиот пионер со приходи од 177 милијарди долари не се  одлучи да го прифати Биткоин (BTC) и главните altcoins како опција за плаќање, и покрај интересот на јавноста и искуството на конкурентите, тие не го изигнорираа целосно ова прашање. Всушност, Amazon Web Services (AWS), cloud computing браншата на компанијата, придонесоа за усвојувањето на блокчејн.

Amazon и криптовалутите: одбивање да се прифати BTC, неисполнети планови за Amazon Coin

Amazon има комплексни односи со крипто. Во април 2014-та година, гигантот за е-трговија одлучи да не го прифати Биткоин (BTC), наведувајќи ги искуствата на корисниците. Шефот за исплата на Amazon, Том Тејлор, изјави за Recode во едно интервју:

“Очигледно ова доби мн на внимание во медиумите и  ние го разгледавме тоа, […] но ние не слушаме од клиентите дека е исправно за нив и немаат никакви планови во Amazon за ангажирање на Биткоин”.

Интересно, овој потег дојде само неколку месеци откако Overstock.com, еден од ривалите на Amazon, стана првата голема малопродажна компанија која го претстави BTC како опција за плаќање и стекна почетен успех, бидејќи нејзиниот извршен директор Патрик Брн, тврдеше дека Amazon ќе мора да го “следи примерот”.

Коментарот на Тејлор би можел да значи дека гигант за е-трговија ќе се сврти кон криптовалутите откако ќе види повеќе изложеност. Сепак, одлуката од 2014-та година важи до денес, без оглед на севкупната подобрена пазарна капитализација и усвојување, јавните петиции упатени до извршниот директор Џеф Безос, а некои бизниси кои се градат и служат како посредници за клиентите на Amazon, се подготвени за исплати со дигитални валути.

Сепак, Amazon не се дистанцира од целосно ангажирање со крипто. Во мај 2014-та година, неодамна по објавувањето дека нема планови за крипто, Amazon доби награда за патент поврзан со биткоин за користење на дигитални валути како плаќање за cloud computing услуги на Amazon Web Services (AWS). Вреди да се напомене, сепак, дека патентот беше поднесен во март 2012-та година, а во него крипто беше споменат како само еден можен начин на плаќање.

Во ноември 2017-та година, беше објавено дека гигантот за е-трговија купува голем број на доменски имиња поврзани со крипто, вклучувајќи ги и “amazoncryptocurrencies.com”, “amazoncryptocurrency.com” и “amazonethereum.com”. Исто така беше забележано дека “amazonbitcoin .com” пренасочува кон оригиналниот Амазон URL.

Сепак, тоа можеше да биде обид да се заштити брендот Amazon или да се избегне забуна со Amazon Coin, дигиталната валута на компанијата која беше воведена во 2013-та година за сопствениците на е-книгата Kindle. Монетата не е широко искористена и покрај документираниот јавен интерес.

Во април 2018-та година, Amazon добил патент за систем за намена за претплата, опишан како “streaming data marketplace”. Во суштина, компанијата тврди дека би можела “да ги идентификува учесниците во биткоин трансакциите” за владите и за спроведување на законот. Документот беше пополнет во јуни 2014-та година и покажа дека додека гигантот за е-трговија може да ја прифати идејата за справување со крипто, тој силно става акцент на Know Your Customer (KYC) страната на бизнисот. Тоа, пак, ќе занемари голем дел од идеологијата и дизајнот на Биткоин.

Според ова, Amazon не се покажа како про-биткоин компанија. Сепак, нivniot однос со основната технологија, blok;ejn, се покажа дека е многу повеќе од плодна.

Аmazon и блокчејн: големи соработки, придонес за усвојување

На 5-ти декември, Amazon Web Services (AWS) објави партнерство со R3 – главен блокчејн конзорциум од над 200 членови – за да им дозволи на нивната платформа Corda да стане една од првите решенија за дистрибуирана ledger технологија (DLT) на пазарот AWS. Corda е DLT платформа со отворен код дизајнирана да работи во рамките на финансиите за решавање на сложени трансакции и да го ограничи пристапот до податоците за трансакциите. Во основа, им овозможи на корисниците да распоредат децентрализирани апликации (dApps) на AWS платформата и директно да креираат нови апликации.

Веста беше шокирачка, само неколку дена пред објавувањето, извршниот директор на AWS, Енди Џаси, во суштина го критикуваше блокчејнот поради тоа што немаше случаи на употреба “надвор од дистрибуираниот ledger”, истакнувајќи дека дури и тие кои имаат многу ограничени способности. Покрај тоа, тој ја потврди политиката на компанијата да не “гради некоја  технологија, бидејќи сметаме дека е кул”.

Сепак, тој додаде дека AWS е заинтересиран за начините на кои блокчејн би можел да им користи на своите клиенти:

“Ние сме многу заинтригирани од она што клиентите во крајна линија ќе го направат таму”.

Сепак, имаше најмалку три платформи базирани на блокчејн на пазарот AWS пред доаѓањето на Corda и говорот на Џаси, што покажува дека првичниот интерес на Amazon за блокчејн се појави порано во 2017-та година.

На 19-ти април 2018-та година, патувањето на AWS кон блокчејн продолжи. Cloud платформата ја претстави својата блокчејна рамка за Ethereum (ETH) и Hyperledger Fabric, овозможувајќи им на корисниците да изградат и да управуваат со нивните сопствени блокчејн-управувани DApps. Наречен AWS CloudFormation Templates, алатката е дизајнирана за да избегне мануелно поставување на сопствена блокчејна мрежа.

Следниот месец, во мај, AWS се здружи со ConsenSys, блокчејн инкубатор започнат од коосновачот на Ethereum, Џозеф Лубин. Конкретно, компанијата за е-трговија соработувала со Kaleido – блокчeјн бизнис cloud кој има за цел да им помогне на фирмите да го забрзаат “целото патување од експериментирање и PoCs [proofs-of-concept]” од тест до производство, и се заснова на блокчејнот на Ethereum. Заедно, тие имаат за цел да понудат поедноставени блокчејн cloud-платформи за своите клиенти, за да можат “да се фокусираат на нивното сценарио, [без да имаат] да станат доктори на науки по крипто”, објасни ко-основачот на Kaleido, Стив Цервени, на CNBC.

Kaleido оттогаш се прошири на full-stack платформа наречена “Kaleido Marketplace”. Таа, наводно, “ги елиминира 80 проценти од custom код” потребни за да се изгради даден блокчејн проект преку обезбедување на низа алатки и протоколи кои се “plug-and-play” ,  потреби од развој на back-end до front-end кориснички интерфејси на апликациите.

Во моментов, постојат околу 25 блокчејн-ориентирани платформи хостирани на AWS платформата, од кои некои, исто така, покажуваат ветувачки резултати. На пример, во септември, блокчејниот систем развиен од Австралиската национална научна агенција (CSIRO) и Sydney University тврдеа дека поставиле репер од 40.000 трансакции во секунда за време на тестот на Amazon Cloud – за споредба, инфраструктурата на Биткоин нормално опфаќа до осум трансакции во секунда, додека на блокчејнот на ETH  способноста е поставена на 15 трансакции во секунда.

Експериментите за блокчејн на Amazon привлекоа признание од мејнстрим играчите: на пример, ревизорската и консултантска фирма “Deloitte” од “Големата четворка”, ги нагласи напорите поврзани со блокчејн на Amazon во октомврискиот извештај, тврдејќи дека гигантот за е-трговија помогна да се стимулира усвојувањето на технологијата и да се придонесе за подобрување на трошоците за блокчејн операции. Покрај тоа, истражувачкиот аналитичар на Банката на Америка (BoA), Каш Раган, изјави за CNBC дека блокчејн е добро прилагоден за некои од најголемите корпорации во светот, истакнувајќи:

“Amazon ќе има корист од зголемената побарувачка на cloud услуги од имплементацијата на блокчејн, додека подобреното следење на синџирот на снабдување треба да ги направи поефектните неговите операции.”

Најновиот напредок на Amazon: повеќе патенти за блокчејн, крипто поврзани реклами за работа

Додека Amazon се стекнува со криптовaлути и патентите поврзани со блокчејн, фер е да ги земе со доза на скептицизам, бидејќи индустријата е уште млада, многу играчи, како што е спомната Банката на Америка (BoA), која во моментов има најмногу од таквите патенти, само се обидуваат да го одбележат полето пред другите да стигнат до таму. Следствено, не сите патенти (поврзани со блокчејн или не) ќе бидат ставени во употреба во скоро време. На пример, во 2016-та година Amazon добил патент за систем за испорака на стоки преку синџир на подземни тунели, високо амбициозна и скапа цел која најверојатно не е врвен приоритет на компанијата.

На 13-ти ноември, U.S. Patent and Trademark Office (USPTO)  објави уште два патенти на Amazon поврзани со методи за заштита на интегритетот на дигиталните потписи и подобрување на дистрибуираното складирање податоци, поднесени во април 2018-та и декември 2015-та соодветно.

Првиот патентен документ ја опишува методата ” signature delegation” за “заштита на интегритетот на дигиталните потписи и шифрирани комуникации”, овозможувајќи создавање, дистрибуција, валидација и отповикување на криптографски клучеви со еднократна употреба. Во предложениот систем, овие клучеви се распоредени во она што е познато во криптографијата како т.н. структура на “Merkle Tree”, што во суштина е бинарно дрво на хаш изградено од дното нагоре.

Вториот патент на Amazon е поврзан со дистрибуирано складирање на податоци. Поднесокот предлага “техника на кодирање на мрежите”, користејќи групи на собрани “парчиња”, каде што секоја фраза претставува логичка дистрибуција на податочни ставки зачувани во дадена мрежа. Поднесокот на патентот укажува на тоа дека овој метод може да помогне да се минимизира вишокот на складирање.

Додека Amazon може да има повеќе патенти што доаѓаат во иднина, гигантот за е-трговија не може да се види во главниот дел од патентите, претркан од неговиот Кинески колега Alibaba и IBM. Сепак, Amazon ќе продолжи со својата визија на технологијата, бидејќи AWS платформата продолжува да нуди решенија за блокчејн, а компанијата се обидува да го прошири својот персонал со повеќе блокчајн инженери.

Leave a comment