Air Canada ќе интегрира блокчејн платформа за дистрибуција на патни правци

Најголемата Канадска авиокомпанија Air Canada го објави своето учество на блокчејн платформа за дистрибуција на патувања, развиена од Швајцарскиот блокчејн стартап Winding Tree, според соопштението за печатот објавено на 24-ти октомври.

Air Canada е основана во 1937-ма година и обезбедува закажани и чартер патници и товарен воздушен транспорт. Во 2017-та година, Air Canada превезе 48,1 милион патници, со 7,3 отсто повеќе во споредба со 2016-та година, според годишниот извештај на компанијата за 2017-та година.

Air Canada напиша писмо со намера да учествува во децентрализирана платформа за дистрибуција на патувања со отворен код, развиена од блокчејн патнички екосистем ” Winding Tree”. Преку интегрирање на нова блокчејна платформа, компаниите се обидуваат да ја подобрат дистрибуцијата и продажбата на производи за патување со авион и да обезбедат пристап до инвентарот директно од снабдувачите. Коментирајќи го проектот, Кит Валис, директор за глобална дистрибуција на производи за Air Canada, изјави:

“Air Canada ја признава важноста на проширување на технологијата кон следната генерација. Планираме да го интегрираме Air Canada API за директно поврзување со јавната блокчејна платформа на Winding Tree, давајќи им можност на корисниците кои се разбираат од блокчејн, пристап до содржината директно од нејзиниот изворот.”

Авиокомпаниите ширум светот постепено ја интегрираат блокчејн технологијата во нивните оперативни процеси, како за подобрување на искуството на патниците, така и за унапредување на снабдувачките синџири и логистиката. Овој месец, европската авиокомпанија Air France-KLM исто така, се здружи со Winding Tree за да ги намали трошоците на клиентите преку намалување на посредниците.

Air France-KLM, наводно, се надева дека блокчејнот ќе помогне да се обезбеди “поповолна туристичка понуда за купувачите што е попрофитабилна за снабдувачите, особено со намалување на бројот на посредници”.

Во август, Австралиската Brisbane Airport Corporation се здружи со платформата за плаќање со дигитални валути TravelbyBit за да го лансира “првиот аеродром во светот за дигитални валути” и веќе имплементираше систем за продажните места во регионалните туристички градови.

Leave a comment