8 корисни екстензии на интернет пребарувачи за крипто корисници

Екстензии, исто така познати како додатоци (plugins), обезбедуваат прилагодување на вашиот веб пребарувач само со еден клик. Од филтрирањето на навредливи зборови до блокирање на несаканите реклами, за се тоа постои екстензија на пребарувачот. Корисниците на криптовалути имаат посебна потреба за додатоци за подобрување на нивната приватност, вршење на крипто плаќања во пребарувачот и проверка на пазарни цени. Без разлика дали користите Chrome, Brave, Firefox, Safari или Opera, некои од следните екстензии може да ви бидат корисни.

Приватност и мерки на претпазливост

Додека додатоците можат да бидат корисна алатка, запомнете дека во вашиот пребарувач инсталирате код од трети лица. Репозиторите за додатоци, како што е Chrome Web Store, се обидуваат да ги проверат сите поднесоци, но познато е дека штетен код може да се протне низ мрежата. Проверете го рејтингот на корисникот и бројот на инсталации за било која екстензија што ја разгледувате, и бидете внимателни при додавање на нови или неизпробани додатоци чија автентичност не е потврдена.

Додатоците за зајакнување на приватноста го формираат стартерскиот сет за повеќето веб корисници, особено оние што користат криптовалути. Ако само што сте инсталирале нов пребарувач, првите екстензии што треба да ги разгледате вклучуваат Adblock (најпопуларниот додаток на Chrome), Privacy Badger за блокирање на тракери, и ако сте жител на ЕУ уморен од popups, можеби сакате да вклучите I Don’t Care About Cookies. Ова не се единствените екстензии на пребарувачи кои ги извршуваат овие задачи, но се најпопуларни од нивниот вид.

Екстензии за Крипто Паричник

Ако барате да потпишете трансакции, да пристапите до dapps и да праќате и примате криптовалути додека пребарувате, ќе ви треба екстензијата која ќе го претвори вашиот скромен пребарувач во крипто паричник. Корисниците на Етереум го имаат Metamask за сите нивни потреби, додека обожавателите на Bitcoin Cash имаат Badger. Metamask е достапен за Chrome, Firefox, Opera и Brave и овозможува да се праќаат и примаат ETH и ERC20 токени, исто така врши и контрола на интеракции со DEXs како што се Ethfinex Trustless и IDEX. Неговиот веб-паричник исто така може да се користи на платформи како Decentraland, Augur, Veil и Guesser. За влез во Ethereum верзијата на децентрализираната мрежа, Metamask е вашата порта.

Badger, пак, им овозможува на корисниците да чуваат и испраќаат BCH, како и SLP токените кои се изградени врз протоколот на Bitcoin Cash. Noncustodial-ниот веб-паричник ги олеснува inn-app купувањата и микроплаќањата со помош на BCH и овозможува пристап до децентрализираните апликации на Bitcoin Cash. Корисниците на BTC кои сакаат да пратат неколку биткоини на своите пријатели Twitter корисници преку Lightning Network може да ја користат екстензијата Tippin Chrome.

Додатоци за пазарни податоци

Ако сакате да ја проверите ситуацијата на пазарите без да мора да го вадите телефонот и да ја укључувате апликацијата за портфолио, Bitcoin Tab ќе го направи ова за вас. Оваа екстензија на Chrome ги собира моменталните вести и цени директно од Blockmodo, како и случувањата во заедницата и што се зборува на социјалните медиуми. Таа дава краток преглед на она што се случува во индустријата. Други опции вклучуваат неофицијален Coinmarketcap додаток. Исто така постои и минималистички Cryptex, кој обезбедува убава позадина која ја прикажува цената на три криптовалути секогаш кога ќе отворите нов таб. Crypto Tracker исто така вреди да се погледне.

Конечно, за корисниците на криптовалути кои мразат цензура, Dissenter креиран од Gab е правата екстензија, овозможувајќи ви слободно да коментирате на секој сајт што го посетувате.

Leave a comment