70% од централните банки работат на дигитални валути, нo не се брзаат да го издадат

Истражувањето нарачано од страна на Банката за меѓународни исплати, објави дека иако Дигиталните валути на централните банки (CBDC) се истражува од голем број резервни банки, работата е главно концептуална. Како резултат на тоа, само мал број од нив имаат намера да издадат CBDC во блиска иднина:

Истражувањето открива дека широк спектар мотивации предизвикуваат зголемување на бројот на централни банки за спроведување на концептуално истражување на CBDCs. Сепак, само неколку централни банки имаат цврсти намери да издадат CBDC во текот на следната деценија.

https://twitter.com/BIS_org/status/1082582576911523840/photo/1

Според анкетата која беше спроведена во 2018-та година, околу 70% од централните банки посочија дека се веќе ангажирани во работата околу CBDC или ќе бидат во блиска иднина. Ова беше мало зголемување од 2017-та година кога бројката беше околу 65%. Повеќето од централните банки кои не се ангажирани и нема да бидат ангажирани во работата околу CBDC, се спречени од помали јурисдикции или имаат поважни приоритети.

Трговија на големо и CBDCs со општа намена

Меѓу централните банки кои се занимаваат со работа на CBDC, 31% се концентрираат на дигиталните валути издадени од централна банка за општа намена (издадени за употреба од страна на пошироката јавност), додека 13% се фокусираат на дигиталните валути на централната банка на големо (издадени за големопродажни договори, како што се исплаќања на хартии од вредност и меѓубанкарски плаќања). Од друга страна, околу 56% работат на големопродажна и општа намена CBDCS.

Постојат разновидни причини зошто на резервните банки  им се цел и општите намени и големопродажните CBDCs:

Гледајќи ги сите испитаници за двата типа на CBDC, безбедноста на плаќањата и домашната ефикасност се најважните мотивирачки фактори за централните банки. Најмалку значајни се, очекувано, финансиско вклучување за големопродажни CBDCs и, помалку предвидливо, ефикасност за прекугранични плаќања, за CBDC за општа намена.

Партнерства и соработка

Истражувањето кое опфати 63 централни банки (22 во развиените економии и 41 во новите пазарни економии), исто така, покажа дека резервните банки ширум светот соработуваат едни со други во однос на proofs-of-concept работа, особено за решавање на хартии од вредност и прекугранични плаќања.

Примери за овие соработки се Project Stella, кој го спроведуваат Банката на Јапонија и Европската централна банка. Исто така постои и заеднички proof-of-concept кој го спроведуваат Банката на Канада, Банката на Англија и Монетарната управа на Сингапур.

Во врска со правниот орган што е потребен за издавање CBDC, скоро 25% од резервните банки наведоа дека веќе поседуваат или ќе го добијат тоа овластување додека 40% не се сигурни. Сепак, неизвесноста паѓа во однос на истражувањето спроведено во 2017-та година.

Leave a comment