7 Facebook, Amazon, Apple, Netflix и Google вработени кои преминаа кон крипто

“Следете го талентот.”

Тоа твитна инвеститорот Крис Берниск, кој се надоврза кон твит од ко-основачот на AngelList, Нарал Равикант, кога тој напиша во март: “Блокчејн сега ги цица технолошките таленти на Силиконската долина побрзо од било кој бум од кога е измислен интернетот”.

Слушнавме дека повторно се збори за ова неодамна во октомври, кога извршниот директор на Tinder и инвеститор, Џеф Морис Џуниор, кој го започна Chapter One Ventures за поддршка на крипто проектите кои тој ги смета за интересни. Но, кои се овие професионалци оставајќи добри компании за да ја најдат својата среќа во крипто светот?

CoinDesk пронајде седум примери на луѓе кои ги напуштиле работните места не само во значајни технолошки компании, туку и кај најзначајните. Најдовме примери во персоналот од пет гиганти од Веб 2.0, т.н. FANGs: Facebook, Amazon, Apple, Netflix and Google.

Секој од луѓето на оваа листа го сврте грбот на сигурен живот во технолошки гигант, најмоќните компании во денешната економија, а да ги искористат своите шанси за нов сектор изграден на пари родени на интернет и децентрализирани структури на податоци.

Facebook

Каина ван Дајк – Ripple

Каина ван Дајк е постар потпретседател на компанијата Ripple за бизнис и корпоративен развој, а најголемиот дел од своето деловно искуство се фокусираше во одделот за  исплаќања во големите компании – не само во Facebook. Не само што поминала две и пол години работејќи на платните системи во Menlo Park, но има претходно искуство во MasterCard и Citibank.

Ван Дајк ја направи транзицијата во јуни. На блогот на Ripple, таа ги опиша причините за влез во дистрибуираната индустрија. Таа изјави:

“Има причина да има само неколку големи оператори за трансфер на пари во светот денес. Без прашање, прекуграничните трансакции се еден од најкомплексните и повеќеслојните проблеми во плаќањата.”

Таа изјави дека верува оти Ripple ја има комбинацијата на технологија и бизнис стратегија за да се елиминира тој проблем од луѓе од целиот свет, кои се обидуваат да ги движат парите на меѓународно ниво.

Евгениј Кузјаков – Near Protocol

Со Кузјаков ние всушност добиваме двојна доза на FANGs. Пред неговата сегашна работа работел во Facebook, а малку пред тоа работел во Google. Сега е еден од софтверските инженери во Near Protocol, кој има за цел да го доведе блокчејн на low-end уредите искористувајќи го делењето.

Кога го напушти Facebook, работел на видео компресија за видеа од 360 степени и виртуелна реалност. Тој вели дека поминатото време во две различни големи технолошки компании ќе помогне да се обезбеди надеж дека Near ќе бидe протокол со широк опсег.

Тој изјави:

“Работев на backend инфраструктурата во Google, па знам како да изградам дистрибуирани системи. Ја разбирам безбедноста и приватноста на големи проекти за да се осигурам дека корисниците се во најдобар интерес на целокупниот систем. “

Ethereum се уште е премногу комплициран и лесен за расипување. ЕОS не ја доби довербата на луѓето и сè друго е само премногу недосработено.

“Моето искуство во индустријата помага да се разберат ваквите проблеми и се надевам дека ќе помогнеме да се избегнат кога ќе го дизајнираме нашиот систем”, изјави тој.

Amazon

Лео Чен – Harmony

Чен само што ги остави Amazon Web Services (AWS), cloud услугите на гигантот од Сиетл за да започне во Harmony, претстојна платформа за консензус дизајнирана за многу високо производство.

По речиси четири години во компанијата, Чен изјави дека можеби ќе го направел овој потег порано, но тој ја избришал Facebook апликацијата од неговиот телефон. Ако не за тоа, тој можеби немал да го пропушти предлогот од основачот на Harmony, Стивен Це (самиот со свои почетоци во Apple и Google).

Во 2012-та година, Чен купил малку биткоин и добил добар профит, но основал семејство и го заборавил крипто на некое време. Потоа, ethereum повторно му го привлече вниманието и кога конечно седнал со Це, чувството било како да ја прави вистинската работа.

“Јас, исто така, сум прилично заинтересиран за изградба на инфраструктура и дистрибуирани системи. Чувствував дека блокчејн е технологијата која сум заинтересирана и можам да придонесам “, изјави тој.

Во суштина, секој што го користи Интернетот користи индиректно AWS. “Ние им служевме на стотици илјади клиенти на стотици илјади машини. Структурата што ја научив и искуството што го стекнав може да ни помогне да изградиме високи перформанси и безбеден блокчејн”, напиша тој.

Apple

Алок Котари – Harmony

Harmony добива две места на оваа листа, со Котари како еден од неговите инженери и ко-основач. Неговиот тим е всушност богат со луѓе со FANG потекло, што е нешто што се чини дека е точно во целина: тимовите со еден ветеран од FANG имаат уште неколку.

Котари е ко-основач на Harmony. Тој го напушти Apple во јуни откако работел таму скоро три години. Специјалист за машинско учење, работел на гласовниот асистент на Apple, Siri, но тој долго време размислувал да започне нешто самостојно.

“Тоа беше совршена бура од многу фактори. Веќе некое време чекав да започнам со моето претприемачко патување “, напишал тој. Тој ги запозна луѓето кои ќе станат негови коосновачи на средбата на ex-Googlers (xooglers, како што се нарекуваат себеси).

“Убеден сум дека блокчејнот ќе го трансформира светот”, додаде тој. “За да се ослободи целата корисност на податоците што се создаваат во светот, пристапот до податоци треба да се демократизира и децентрализира”.

Ако тоа може да се постигне, тој изјави: “Секој би имал корист и ќе биде победа за секој.”

Netflix

Рајан Лехнер – Consensys Labs

Сега во Consensys Labs, управувајќи со речиси 50 инвестиции од ethereum shop во Бруклин, Лехнер дојде од Netflix, каде што правеше нешто слично за ТВ-термини. Тој работеше на проширување на Netflix-овата стратегија за не-фикција содржината.

“Јас секогаш го сметав Netflix за “невиниот FAANG”. Им ги земавме парите на луѓето и создадовме радост”, изјави тој.

Сепак, се формирале сомневања за поголемиот бизнис модел на Силиконската Долина, градење на јазли со внимателно чувани податоци. “Нема ништо структурно одржливо за ставање на виртуелни ѕидови околу податоците”, рече тој.

Тој се сеќава на моментот кога почна да станува јасно дека блокчејните би можеле да изградат мостови над јазлите на Силиконската Долина. “Отидов на езерото Мерит во Оукланд, слушајќи го подкастот во кој Ник Сабо и Навал Равикант зборуваа за трансформативната моќ на блокчејнот и криптовалутите”, напиша тој.

Тој се приклучи на Consensys кон крајот на 2017-та година, преместувајќи се во Бруклин. “Се надевам дека мојата улога во ConsenSys може да катализира радикална промена кон децентрализирани мрежи и бизнис модели”, напиша тој.

Google

Алекс Фејнберг – OKCoin

Фејнберг е директор за развој на бизнисот на берзата OKCoin, иако првично го остави Google да се приклучи на стартапот за безбедност насочен кон блокчејн стартапот наречен Petram Security. Значи OKCoin всушност е неговата втора крипто-улога од Google.

Feinberg започна во Google во 2011 година, служејќи во голем број улоги на деловната страна пред да замине во март, работејќи во тоа време во Google Search и Google Assistant. Работел со големи брендови (како што се NBA, Bloomberg, NPR) за да ги интегрира нивните содржини со големите пребарувачки и асистентни платформи.

Тој се придружи на Google затоа што имал теза дека додека централните банки печатат пари, тоа ќе ги надрасне бенефициите во поспецифичните делови на економијата, како што е технологијата. “Преселбата во крипто просторот беше логично продолжување на оваа оригинална одлука”, изјави тој.

Тој решил да одлучил на овој потег на почетокот од оваа година. Тој бил на вечера со пријател во јануари. Неговиот пријател имла направено некои големи contrarian облози и бил многу успешен. Фејнберг напиша:

“Си помислив во себе:” Луѓето со коишто споделувам сличен поглед на светот надвор од Google прават многу подобро од луѓето во Google со кои не споделувам исти погледи, па да видиме каде ќе ме однесе сето ова”.

Чандан Лода – CoinTracker

Лода е ко-основач на CoinTracker, апликација која може да пресметува даночни обврски на крипто портфолија.

Тој ја напушти Google Division (или Alphabet’s) X divison во средината на 2017-та година, каде што работел како менаџер на производот на Project Loon, кој има за цел да ги поврзе поизолираните области со интернет со помош на balloons.

“Да бидам искрен, јас бев првично прилично скептичен за криптовалути”, изјави тој, и покрај фактот што работел на биткоин стартап во 2012-та година и бил сопственик на криптовалути со години. Како што овие средства станале по-значајни, се помалце ги чувствувал само како хоби.

Тој веќе работел на идеја со другар од Google, кој стана негов коосновач. Иако почнаа да гледаат кон традиционалниот fintech, сопственото искуство во крипто го посочил нивниот бизнис во таа насока.

Тој признава дека нивната апликација не е прва што ги обработува даночните обврски, но смета дека просторот сѐ уште има начини да се подобри во однос на корисничкото искуство. Тој рече: “Една лекција што ја донесовме од Google, која беше навистина корисна во изградбата на CoinTracker, се фокусира на корисниците да изградат многу едноставни и интуитивни производи”.

Тешко е да се види дали ќе се забрзаат трендовите како што е прикажано погоре, бидејќи вработените би можеле да направат слични транзиции во компаниите. На пример, шефот на производи на Instagram неодамна се пресели на слична улога во блокчејн одделот на Facebook, според неговиот LinkedIn.

Слично на тоа, поранешниот член на одборот на Coinbase и шефот на пораки на Facebook, Дејвид Маркус, исто така, задолжен за блокчејн во Menlo Park.

“Ги земате сите all-stars и ги преместувате во иницијативите за блокчејн во вашата компанија”, изјави Морис во интервју. “Многу од тоа мора да биде управувано од вработените”.

 

Leave a comment