5 лесни начини за купување криптовалути

Не грижете се ако сте пропуштиле да купите Биткоин во првите години; подемот на криптовалутите само што започна. Најдоброто време за инвестирање беше пред неколку години, но следното најдобро време е токму сега! Со нови криптовалути кои постојано се пуштаат во употреба и постојано се формираат масовни корпоративни партнерства, крипто-сцената ќе се крене на голем начин. Затоа, не грижете се, дури и ако инвестирате сега, се уште има некои големи добивки кои можат да се направат – Еве како можете да се придружите.

1. Купување на преодна валута

Многу крипто берзи не го поддржуваат трошењето евра или долари за криптовалути, па така за да почнете мора да купите голема преодна валута ако сакате да купите други монети (Altcoins). Најголемите и најпознатите валути се Eтереум и Биткоин, па ќе разгледаме како да ги купите. Ако сте задоволни со Биткоин / Eтереум по купувањето, можете да прескокнете на чекор 3.

1.1 Купување на Eтереум од Coinbase

Coinbase е веб-страница која ви овозможува да купувате и продавате Биткоин, Litecoin или Eтереум користејќи ја вашата локална валута со кредитна картичка или банкарски трансфер. Како и секоја друга крипто берза која вклучува fiat (некрипто) пари, да, вие мора да се регистрирате и вашиот акаунт да биде верифициран. Но, не грижете се, верификацијата е едноставна и се обработува речиси веднаш.

  1. Регистрирајте се на Coinbase
  2. Добијте потврда. Ова е едноставно, само испратете слика од возачката дозвола или слична идентификација и ќе бидете брзо верифицирани. Додека чекате, одете на чекор 2 и поставете го вашиот акаунт.
  3. Трошете ги парите што сакате да ги инвестирате во криптовалути на Eтереум. Ова се прави со кликнување на “Buy/Sell”, избирање на Eтереум и внесување на износот што сакате да го купите пред да притиснете “Buy Ethereum Instantly” како што е прикажано во водичот со слики подолу. Eтереум е подобро од Биткоин, бидејќи таксите за трансфер и потребното време за нив се многу повисоки од тие на Eтереум.
  4. Откако ќе го имате Eтереум во вашиот паричник, можете да напредувате во чекор 2

1.2 Купување криптовалути од Bitpanda

Bitpanda е многу добра и модерна веб-страница од која лесно може да купите криптовалути со вашата банкарска сметка или со кредитна картичка. Таа нуди повеќе монети кои можете да ги купите веднаш по добивање на пари на вашата сметка. Истата е Австриска компанија, па мора да биде усогласена со европските закони, така што скоро нема шанси да бидете измамени. Јас сепак ќе ве поттикнам да ги испратите вашите криптовалути на надворешен паричник.

  1. Регистрирај се на Bitpanda
  2. Верифицирајте го вашиот акаунт и банкарска сметка и внесете пари на неа
  3. Изберете cryptocurrency и купете ги со вашите fiat пари
  4. Можете исто така да направите план за заштеда или размена помеѓу валути

2. Тргување на крипто берза

Откако ќе ја добиете вашата прва криптовалута, можете да ја замените за нешто друго. Има многу добри и лоши проекти, па секогаш правете свои истражувања за да проверите дали некој проект е вреден за вашата инвестиција. Крипто берзите нудат можност да купите altcoins.

2.1 Тргување на Binance

Binance е веројатно една од најголемите крипто берзи, а исто така популарна поради толку многу монети кои се наведени на оваа берза. Значи, во најголем дел, ќе бидете задоволни со она што го нуди Binance.

  1. Регистрирајте се на Binance.com
  2. По регистрирањето, одете во “Balances” делот под “Funds” и побарајте ја валутата од која сакате да направите депозит.
  3. Притиснете deposit на криптовалутата што сте ја купиле претходно и на страницата треба да се прикаже вашата депозитна адреса. Копирајте ја оваа адреса на вашиот clipboard.
  4. Одете во вашиот Coinbase Eтереум / Биткоин паричник под табот “Accounts” и притиснете испрати. Вметнете ја адресата за депозит во полето “BTC / ETH address” кое ќе се појави. По потврдувањето, ова ќе ја испрати вашата криптовалута на Binance берзата, подготвена да биде тргувана. Преносот може да потрае некое време, во зависност од тоа колку се зафатени берзите, затоа бидете трпеливи.
  5. Откако ќе го имате BTC / ETH во вашиот паричник, вратете се на главната страница и кликнете на BTC или на ETH пазарите, во зависност од валутата што ја поседувате. Во оваа листа, пронајдете XRP / ETH или XRP / BTC (Заменете XRP со криптовалутата што сакате да ја купите).

2.2 Користење на Changelly за претворање во други валути

Предлагам да го користам Changelly, бидејќи тие не ги задржуваат вашите средства или да ве ограничуваат при трошењето на вашите пари. Кога тргувате со Changelly, вашите средства се испраќаат директно до вашиот личен паричник што го контролирате. Ако тргувате со altcoins на следните берзи за дигитални средства, вие всушност не ги поседувате вашите средства и може да ги изгубите во секое време. Јас високо препорачувам тргување со Changelly и одржување на сопственоста на вашите приватни клучеви!

Вие исто така може директно да купувате од Changelly со Visa картичка.

2.3 Тргување на други берзи

Додека Binance и Changelly остануваат многу добра опција за почеток, постојат и други берзи. Најголемата разлика меѓу нив се нивните наведени крипто монети. Еден добар пример е Kucoin.

3. Чувајте ги вашите ново купени криптовалути

Оставањето на вашите пари да дремат на берза која може да биде хакната или да пропадне никогаш не е многу добра идеја. Затоа секогаш треба да имате свој паричник за кој што само вие ги имате приватните клучеви. Исто така никогаш не користете јавна лозинка или клучен генератор на интернет. Историјата покажа дека тие често ги зачувуваат и ги крадат вашите монети.

Најдобар вид на паричник е хардверски паричник  како Ledger и Trezor. Тие се како вистински паричници, ги купувате и ги чувате дома и само ги користите ако сакате да пристапите до вашите монети. Тие се посигурни од софтверските паричници. Еве неколку добри примери:

Во зависност од монетата што ја избирате, постојат повеќе софтверски паричници како што се MyEtherWallet за Eтереум и Eтереум токени. Кога барате еден осигурајте се дека URL адресата е точна и дека сајтот е легитимен.

Ако сакате да го зачувате приватниот клуч уште побезбеден, разгледајте го Trezor Cryptosteel кој е целосно механички и најдобра опција да го заштитите вашиот приватен клуч од трети страни.

Leave a comment