40% од инвеститорите велат дека блокчејн може да биде “нај трансформативната” технологија од интернетот па наваму

40 отсто од институционалните инвеститори сметаат дека блокчејнот може да биде најважната иновација од интернетот па наваму, според истражувањето на трговското друштво Global Blockchain Business Council (GBBC), кое беше споделено со медиумте на 24-ти јануари.

Мислењата на 71 инвеститор, кои GBBC ги анкетираше овој месец околу блокчејн, беа откриени на тековниот Светски економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.

Наодите на GBBC откриле дека 40 отсто од институционалните инвеститори кои одговорија на истражувањето сметаат дека блокчејнот “може да биде најтрансформативна технологија од интернетот”.

Покрај тоа, нешто помалку од една третина од интервјуираните инвеститори сметаат дека бизнисите ќе треба да најдат одговорен за  блокчејн на нивните одбори во текот на следните пет години. 38 проценти, исто така, сметаат дека фирмите треба да го откријат својот пристап кон технологијата за инвеститорите во тој временски период.

“Постои мало сомневање за потенцијалното влијание кое блокчејн го има врз повеќето сектори и клучните области на секојдневниот живот”, изјави извршниот директор на GBBC, Сандра Ро, коментирајќи во соопштението за печатот:

“Сè повеќе, победничките организации на иднината ќе бидат оние кои имаат јасна и сеопфатна стратегија за блокчејн и оние кои се посветени на нејзиното спроведување и користење при трансформирањето на нивните организации”.

Слично истражување претходно оваа недела покажа дека институционалните инвеститори сметаат дека 63 отсто од големите бизнисмени имаат ограничено разбирање за технологијата.

Блокчејн доби мешани критики, бидејќи неговата репутација се зголеми во текот на 2018-та година. И покрај тоа што, наводно, е корисно прифатено од страна на претпријатијата, други предупредија дека технологијата е преизвикана во некои сектори.

Leave a comment