15 земји развиваат систем за следење на крипто трансакции

Околу 15 држави, вклучително и државите на Г-7, наводно ќе развијат систем за следење на крипто-трансакциите за да се спречи недозволена употреба на криптовалутите.

Работната група за финансиска акција (FATF) планира да подготви детални мерки до 2020-та година, според извештајот на Токискиот весник Nikkei на 9-ти август.

Новиот систем има намера да собира и дистрибуира лични податоци на лица кои вршат крипто-трансакции со цел да спречат средствата да се користат за нелегални активности како што се перење пари и финансирање на тероризам, се забележува во извештајот.

Додека голем број држави не усвоија регулаторни рамки во однос на крипто-просторот, новата меѓународна иницијатива се очекува да придонесе за развој на правни мерки на глобално ниво.

Според извештајот, системот на мерки ќе биде спроведен откако ќе се воведат правилата во 2020-та година. Откако ќе се донесе законот, приватниот сектор ќе управува со системот, се забележува во извештајот.

FATF и Г-7 поддржуваат униформирана крипто регулатива

FATF издаде водич за ризик базиран пристап во однос на виртуелните средства и давателите на услуги за виртуелни средства во јуни 2019-та година. Во документот, надлежниот орган опиша голем број регулаторни препораки што треба да се применат од неговите 37 земји-членки, вклучително и мониторинг и известување за сомнителни трансакции од локални даватели на крипто услуги.

Како резултат на упатствата, четири големи јужнокорејски крипто-берзи, вклучувајќи ги Bithumb, Upbit, Coinone и Korbit, наводно, се соочиле со построги регулативи кога ги обновувале своите банкарски сметки.

На 18-ти јули, министрите за финансии на Г-7 изразија загриженост дека од криптовалутите, како што е проектот за stablecoin-от на Facebook, Libra, постои ризик да го нарушат глобалниот финансиски систем доколку не се строго регулирани.

Leave a comment