11-тата крипто ранг листа на Кина: Прв EOS, па TRON и Етереум,а Биткоин 15-ти

Кина ја објави својата најнова ранг листа спонзорирана од владата за топ криптовалутите на 22-ри март, поставувајќи го Биткоин (BTC) на 15-то место, додека ЕОS го задржува врвот. Тron (TRX) го превзема второто место од Етереум во февруари.

Крипто ранг листата од Кинескиот Центар за информации и индустриски развој (CCID) беше првпат објавена во мај минатата година. Во ова единаесеттото издание на индексот, ЕОЅ остана како највисоко рангиран блокчејн, место кое платформата го зафати од јуни 2018-та година.

Единаесеттиот CCID Global Public Chain Technology Evaluation Index го става Tron на второ место, како и во десеттото издание. Деветтото издание претходно го стави Eтереум на второто место, додека Tron воопшто не беше присутен на листата.

Во десеттото издание, Биткоин се пресели од 15-то место на 13-то, а сега се врати на две места за повторно да го заземе 15-тото место.

Како што објавија медиумите скоро по длабока анализа, EOS е навидум сѐ уште работа во тек, бидејќи блокчејнот имал контроверзии околу некои аспекти на својот наводно централизиран систем на управување.

Две големи крипто берзи , Huobi Global и OKEx, двете со седиште во Сингапур, ја изразија својата поддршка за stablecoin-от на Tron нареченa Tether. На почетокот на тековниот месец, Тron и Тether ја објавија својата намера да го претстават USDT на мрежата на Tron.

Leave a comment