100 биткоин корисници ја изведоа најголемата “CoinJoin” трансакција некогаш направена

Заедницата зад приватно-ориентираната биткоинска апликација Wasabi Wallet неодамна собра 100 луѓе колективно да извршат “CoinJoin” трансакција на биткоин во она што може да биде најголемиот настан од ваков вид.

Мал контекст: самиот биткоин е далеку од приватен, бидејќи корисниците можат преку блокчејнот да видат од каде и до каде се пренесуваат монетите. Еден обид да се дозволи поголема приватност на трансакциите е CoinJoin, долгогодишна технологија која во 2013-та година првично беше предложена од продржувачот на биткоин и криптограф Грег Максвел. Идејата е дека трансакциите може да се направат поприватни со спојување заедно бројни различни трансакции, а потоа нивна прераспределба.

На 100 трансакции, напорите на Wasabi Wallet може да бидат најголеми за ваков потфат, но секако е напредок во технологијата за приватност како целина.

“Не постоеше никаква услуга создадена на која можат да се направат такви големи CoinJoins”, изјави Адам Фискор, шефот за технологија на zkSNACKS кој го лансираше Wasabi Wallet минатата година за да ги направи CoinJoin трансакциите полесни за користење.

Како што објасни Фискор на медиумите, настанот претставува “најголема практична CoinJoin која може да се направи на биткоин мрежа”. Тоа е поради некои од вградените ограничувања на биткоин мрежата, како што е ограничувањето на количината на податоци што може да бидат вклучени во еден единствен трансакциски блок, како и човековите практики на собирање на толку многу луѓе за одеднаш да склучат трансакција.

“Прилично е тешко да се координираат 100 луѓе преку мрежата на Tor”, забележа Фискор.

И навистина, на трансакцијата и требаше доста време за да се изврши. Делумно на Reddit-от на Wasabi Wallet, заедницата некое време неуспешно се обидувашеда организира 100 лица за CoinJoin, добивајќи 94, 97, 92, па дури и 99 учесници, пред да стигнат конечно до нивната цел од 100.

Иднината на приватноста?

Понатаму, Фискор се надева дека оваа голема CoinJoin трансакција нуди еден пример за употреба на биткоинот во иднина.

На кратко, колку повеќе трансакции во CoinJoin, толку поголема приватност ќе добиете, бидејќи со повеќе корисници станува потешко да се отплеткаат сите трансакции што првично се направиле.

“Сепак,”анонимноста сака друштво”, колку повеќе учесници има, толку е поголема вашата приватност, и колку побрзо се врши CoinJoin трансакцијата”, се објаснува на веб-страницата на Wallabi Wallet.

Собирањето на 100 луѓе да се здружат за трансакција може да изгледа како претерување, но Фискор го гледа како иднината на трансакциите, бидејќи колку повеќе трансакции во една, толку поефикасно ќе се изврши.

“На долгорочно биткоин мешањето ќе биде скапо или ќе се подобри за да биде што е можно поекономично. Колку повеќе учесници има, толку е поголема ефикасност во трошоците”, изјави Фискор.

И тоа е особено случај со претстојните технологии кои би можеле да се додадат на биткоин – ако сите се согласат дека треба да се имплементираат.

На пример тука е “Schnorr”, технологија која би можела да изгради функционалност во биткоин, за да се комбинираат трансакциските потписи заедно.

“На пример, агрегацијата на input потпис на  Schnorr е поефикасна со 100 луѓе отколку со двајца”, изјави Фискор.

Leave a comment