10 личности кои би можеле да бидат Сатоши Накамото

Сите ние сме на некој начин Сатоши Накамото, но некои од нас се повеќе Сатоши од другите. Следните 10 личности се обележани како творецот на Биткоин поради сличности со мистериозниот дигитален човек. Дали еден од овие ликови е самиот Сатоши е прашање за кое вие треба да одлучите.

Вили Лехдонвирта

Предности: Финскиот професор е еден од првите луѓе кои ќе бидат сугерирани како Сатоши, во една статија на New Yorker од 2011-та година. Поради недостатокот на шпекулации во тоа време, што ги следеа последователните обиди да се открие Сатоши,  Вили Лехдонвирта се чувствуваше некако пологична опција од другите. Но, тоа не мора да значи дека е самиот Сатоши.

Недостатоци: Кога беше испрашуван од еден од авторите на New Yorker, 31-годишниот научник од Хелсиншкиот институт за информатичка технологија објасни дека нема криптографски знаења и неговото C + + програмирање е само основното.

Забавен факт: Вили Лехдонвирта сега е вонреден професор и виш научен соработник на Оксфордскиот интернет институт на Универзитетот во Оксфорд и соработник на Alan Turing Institute кој има пишувано за Биткоин, неодамна една статија насловена како “Биткоин не е валута – и ако не стане валута, може да биде безвреден”.

Пол Ле Рукс

Предности: Ако Ле Рукс го создал биткоин, Сатоши е најголемиот bad-ass на 21-от век. Создавањето на шифриран софтвер, шверц на дрога, лекови, продавање на оружје, мешање во државни работи, Ле Рукс имаше вмешано прсти во се – и градењето Биткоин би се вклопило перфектно во рамките на неговата работа и мегаломанска амбиција.

Недостатоци: Кога Сатоши го креираше Биткоин во 2009-та година, Ле Rукс веќе беше навлезен во шверц со дрога, продавање на оружје и градење на империја. Малку е веројатно дека овие спротивставени цели би биле компатибилни. Исто така, Сатоши секогаш се покажал како скромен во своите дела. Ле Rукс беше кретен желен за моќ кој инсистираше да се нарекува “шеф”.

Забавен факт: онлајн фармацевтскиот систем на Ле Рукс околу 2006-та година е опишан во “The Mastermind”, како: “Тргнете еден и друг едноставно ќе дојде на негово место. Мрежата продолжува да си работи”. Дали ве потсетува на нешто?

Гевин Андресен

Предности: Гевин Андресен е девелоперот на биткоин кој Сатоши го постави главен после неговото заминување во 2010-та година. Ако двајцата се едната иста личност, ова ќе биде доста ефикасен начин за да се одјави Сатоши без да ја напушти зградата. Освен тоа, според студијата за анализа, пишувањето на Андресен повеќе наликува на Сатоши од кој било друг кандидат.

Недостатоци: Во 2016-та година, Aндресен стана првиот од многу сопственици на биткоин кои беа измамени од Крег Рајт, по тврдењето на Рајт дека тој е вистинскиот Сатоши. Или Андресен беше супер наивен или играше паметно за да стави понатамошно растојание помеѓу себе и неговиот псевдоним.

Забавен факт: Гевин Андресен го создаде првиот bitcoin faucet во 2010-та година. Тој додели 5 BTC на секој кој ја посетил веб-страницата.

Хал Фини

Предности: Како еден од првите кои реагирале на објавата на Биткоин од страна на Сатоши, и примателот на првата биткоин трансакција, Хал Фини е олицетворение на Биткоин повеќе од било кое друго познато лице. Фини го видел долгорочниот потенцијал на Биткоин исто како и Сатоши. Само за да додадеме докази, Гевин Андресен не е единствената личност чиј стил на пишување е сличен на тој на Сатоши: експертите за анализа на пишување Juola & Associates тврдат дека Накамото и Фини имаат најсличен стил на пишување.

Недостатоци: За Сатоши во суштина да комуницира сам со себе и да си праќа трансакции, нема смисла за лик кој прошол толкав пат за да го скрие својот идентитет. Тој сигурно би знаел дека Фини би можел да биде поврзан со него во одреден момент, и на тој начин се чини нелогично за Сатоши да остави таков очигледен траг од трошки.

Забавен факт: Хал Фини живеел два блока подалеку од Доријан Сатоши Накамото, што довело до теории дека првиот го превземал псевдонимот од вториот. Како што објасни еден корисник на Reddit: “Хал и неговите cypherpunk колеги имале намера овој стар пензиониран човек, чија куќа беше запленета од банкари да биде симболична фигура зад финансиската ренесанса во име на сите жртви на модерниот финансиски систем”.

Ник Сабо

Предности: Стилометријата се чини дека е непрецизна уметност со оглед на бројот на луѓе кои се идентификувани како Сатоши само од нивниот начин на пишување. Ник Сабо е трет ваков кандидат на оваа листа, но постојат многу порешителни причини зошто тој најверојатно ќе биде Сатоши, како што е фактот дека “bit gold” на компјутерскиот научник е најсличниот претходник на Биткоин. Ник Сабо е поквалификуван од сите на оваа листа за градење на Биткоин.

Во 2008-ма година, Сабо на својот блог коментираше дека планира да создаде лајв верзија на бит злато; ова се манифестираше неколку месеци подоцна, бидејќи Биткоин изгледаше веродостоен. Одличните блог постови на Сабо околу 2008-ма година ги имаат сите обележја на Сатоши. Фрази како “unforgeable costliness” и пофалбите кон Хал Фини, го поставуваат Сабо крајно блиску до јадрото на Биткоин.

Недостатоци: Сабо постојано негираше дека е Сатоши, спомнувајќи такво нешто во 2014-та година пишувајќи: “Се плашам дека сте грешка со тоа што ме поврзувате како Сатоши, но веќе се навикнав на тоа”.

Забавен факт: одлуката на Сатоши да не ја спомне работата на Сабо околу бит златото во белата книга на Биткоин можеби е најубедливиот доказ од сите.

Брам Коен

Предности: Роден во 1975-та година, истата година Сатоши го наведува својот датум на раѓање, Брам Коен си играше со “битови” долго пред Биткоин. Креаторот на Bittorrent еднаш водеше Usenet веб-страница наречена Bitconjurer.org, каде што разговараше со креаторот на Hashcash, кој го инспирираше Биткоин.  Коен забави со постирањето на блогови кога Сатоши почна да работи на Биткоин, а тој имал слични интереси со Сатоши, пишувајќи за криење на идентитетот на интернет во 2009-та година, и истовремено земајќи ги предвид дигиталните потписи. Интересот на Коен за рекреативната математика, исто така, го прави веродостоен Сатоши.

Недостатоци: Сегашниот проект на Коен е “зелена” криптовалута наречена Chia која тврди дека е “антитеза” на Биткоин и PoW. Тешко е да се замисли на тој начин Коен да ја отфрли целата своја претходна работа со Биткоин.

Забавен факт: Коен твитал за Сатоши 10 пати во текот на годините, но никогаш не ја исклучи можноста да биде он.

Доријан Сатоши Накамото

Предности: Освен што го дели истото име како креаторот на Биткоин, практично нема причина зошто Доријан Накамото треба да биде Сатоши, освен ако живеел на неколку блока подалеку од веројатно другиот Сатоши, Хал Фини. Ако ништо друго, сепак, ова би ја направило поголема веројатноста дека Хал бил Сатоши, и го позајмил името на неговиот комшија.

Недостатоци: Доријан може да стане лицето на Сатоши, но тој сигурно не е мозокот.

Забавен факт: Поради поврзаноста со славна личност, Доријан Накамото е баран да се појавува на блокчејн конференции.

Крег Рајт

Предности: Рај навистина, навистина, сака да биде Сатоши, а од 2016-та година па навака се претставува самиот како него. Веројатно може да се сетите како на истот начин кога сте биле мали, сакајќи да заспиете и да се разбудите во телото на својот омилен суперхерој. Во ваша одбрана, вие сте имале шест години. Рајт е 48-годишен маж.

Има некои докази дека Рајт демнел од сенките не долго откако се појави Биткоин, но сето тоа докажува дека Фејктоши пробува да изгради кариера на грбот на туѓи успеси.

Недостатоци: Тешко е да се избере фаворит од многуте недостатоци кои ја демантираат теоријата дека тој е Сатоши, но изјавата на Џејмсон Луп за човекот кој се претставува себеси како Сатоши е одлична отскокна даска.

Забавен факт: Рајт аплицирал на Австралиската академија за одбранбени сили за обука како пилот во 1987-ма година, но бил одбиен.

Дејв Клејман

Предности: Клејман се тврди дека е дел од Групата Сатоши Накамото, заедно со колегите Сатоши, Крег Рајт и Фил Вилсон. Последните два имаат нула веродостојни докази за креирање на Биткоин, додека Клејман умрел во 2013-та година. Страствен криптограф, Клејман бил член на мејл листата каде што Сатоши првпат го најавил Биткоин на 31-ви октомври 2008-ма. Тој исто така работел за S-doc, софтверска компанија фокусирана на енкрипција која развиваше “непроменлив, шифриран систем за ревизија”.

Недостатоци: Сите документи кои го поврзуваат Клејман со Биткоин се појавија со помош на Крег Рајт, и на тој начин се речиси сигурно лажни. Како резултат на тоа постои отсуство на веродостојни докази кои сугерираат дека Клејман го создал Биткоин. Фактот дека Рајт кружел околу семејството на Клејман како мршојад во обид да го бара својот дел од наводниот фонд од милион долари во BTC е најсилниот доказ дека Клејман го создал Биткоин – и Рајт не го сторил тоа. Ако некој друг член на криптографската мејл-листата за криптографија умрел прв, Рајт сигурно ќе се свртел кон него, како дел од долгите напори да извлече милиони долари преку легална кражба на идентитет.

Тажен факт: Дејв Клејман умрел во сиромаштија и беда. “Неговото тело беше пронајдено при распаѓање и опкружено со празни шишиња со алкохол и наполнет пиштол … дупка од куршум беше пронајдена во неговиот душек, иако на местото на настанот не беа пронајдени потрошени чаури”.

Постојана мистерија што никогаш не може да се реши

Постојат многу други кои биле именувани како Сатоши, меѓу кои и Елон Маск, white supremacist Џејмс Бовери и, малку повеќе веродостојно, триото на истражувачи – Нил Кинг, Владимир Оксман и Чарлс Брај. Овие, заедно со другите осомничени, веројатно сепак немале удел во создавањето на Биткоин. За сите заинтересирани кои сакаат да го решат случајот, написите на Сатоши, содржејќи 80.000 зборови, можат да бидат видени во Nakamoto Studies Institute.

Повеќето луѓе кои се преоптоваруваат со енигмата кој бил или не бил Сатоши, би признале дека би било најдобро за Биткоин ако неговиот идентитет никогаш не се открие.

Leave a comment