10 блокчејн идеи што можат да го променат светот

Блокчејн технологијата се покажа како одличен изум откако беше воведена пред околу една деценија. Оттогаш, поддржува неколку пронајдоци што ќе влијаат врз човештвото. Некои значајни примери се Интернет на нештата (IoT) и паметните договори.

Како и да е, некои блокчејн проекти ќе допрат до некои други области на човечки стремежи кои тек допрва треба да го почувствуваат влијанието на оваа неверојатна технологија. Еве 10 интересни блокчејн проекти кои светот треба да ги очекува.

1. Zero Carbon Project

Климатските промени се во најважните вести со години. Постои голема загриженост за можните несакани ефекти од неконтролирани промени во нашата клима. Благодарение на Zero Carbon Project, светот може да здивне. Овој проект сака да ја искористи моќта на блокчејн за решавање на овој проблем. Преку својот Zero Carbon Market, потрошувачите можат да произведуваат енергија од нуклеарни, обновливи и фосилни горива. Емисијата на јаглерод во овие извори на енергија се компензира со меѓународните јаглеродни кредити.

Со својот блокчејн, Zero Carbon Project го создаде токенот ZeroCarbon. Поддржувачите на Zero Carbon Platform можат да го заработат овој токен како награда за нивниот придонес во справувањето со климатските промени на глобално ниво. Се верува дека оваа награда ќе послужи како поттик за потрошувачите на енергија да се концентрираат на користење на чисти извори на енергија и на тој начин генерално да ги намалат глобалните емисии на енергија.

2. Cinemadrom

Cinemadrom е платформа која е дизајнирана да го промени лицето на филмската продукција во светот. Проектот може да се пофали како „меѓународна мрежа на независни филмови“. Примарната цел на оваа платформа е да се користи блокчејн технологијата за финансирање, производство и дистрибуција на филмски проекти.

Овој проект има две области на примена:

Крипто-индустрија: Платформата поддржува инвестиции, криптовалути, осигурување, крипто фармање и паричник за повеќе валути.

Кино индустрија: Платформата е идеална за филмскиот пазар, филмски студија, дистрибуција, онлајн филмови, филмски агенции и социјални мрежи.

На својата официјален профил на Twitter, @Cinemadrom, компанијата ги известува своите следачи дека:

„Нашата главна цел е да создадеме нов развиен и независен систем на светската филмска индустрија, во кој секој филм ќе се исплати и секоја секунда ќе им донесе профит на своите креатори и инвеститори!“

Оваа платформа им овозможува на кинематограферите да добијат средства за кој било филмски проект. Така, тие можат да започнат со производство без да се грижат за финансирање. Тие исто така можат да ги испраќаат своите филмови преку платформата за дистрибуција. Процесот ќе им ја даде на нивните филмови посакуваната изложеност што на крајот може да доведе до подобра продажба. Платформата исто така нуди можности на компаниите за дистрибуција и кината да ги зголемат таксите за дистрибуција. Тие исто така можат да ги претстават своите филмови на меѓународните пазари, што може да ја зголеми и дистрибуцијата и профитот.

Инвеститорите во филмската индустрија можат да создадат портфолио на различни проекти. Ова доаѓа заедно со намален ризик и оптимално враќање на нивната инвестиција. Огласувачите, исто така, имаат можност да таргетираат публика врз основа на социјални, географски, економски, религиозни или интелектуални фактори. Тие исто така можат да создадат заедница на лојални гледачи и да ги одведат своите реклами на нови пазари.

3. CCUniverse

CCUniverse е уште еден блокчејн проект што може да има далекусежно влијание врз човештвото во иднина. Девелоперите се фокусирани на изнајмување електрични автомобили, банкомати и прототипови на иновативни и мали куќи. Според компанијата:

„Инспирирани сме од неверојатни идеи во врска со развојот на технологијата или решавањето на клучните прашања поврзани со енергијата или научните решенија поврзани со подобрувањето на човечкиот живот“.

Помеѓу 2019-та и 2020-та година, компанијата ќе се фокусира на електрични автомобили и програми за банкомати. Прототипските куќи ќе бидат следни на агендата – меѓу 2020-та и 2022-ра година – додека компанијата ќе инвестира во визуелни програми почнувајќи од 2021-ва година.

Изнајмувањето на електрични автомобили е дизајнирано да им даде на љубителите на автомобили платформа од која можат да изнајмат електрични автомобили со CCUniverse. Исто така, се надеваат дека ќе ги поедностават трансакциите со купувањето и продавањето со технологијата. Минимална такса од 1% ќе се наплаќа за секоја трансакција. Девелоперите се надеваат дека ќе го решат недостигот на ресурси и лошите процеси на имплементација кои ги лишуваат луѓето одд можноста да имаат пристап до најдобрите работи или да ги искористат корисните идеи кои имаат потенцијал да го олеснат животот на луѓето.

4. Uhive

Uhive е дизајниран да ги однесе социјалните мрежи на следното ниво. Целта е да се создаде позитивна и благородна идеја со потенцијал за поттикнување на социјално движење. Овој блокчејн проект  им овозможува на корисниците да се поврзат со своите пријатели и семејство. Исто така, им нуди платформа на која можат да ги пронајдат своите интереси и да ги истражат во потполност. Функцијата Grey World му дозволува на секој на пример да проба нов идентитет, да ја зголеми приватноста и да комуницира во она што платформата го нарекува „простории за длабоки веб-разговори“.

Сите напори ќе бидат наградени кога ќе се вклучите во нормални дневни социјални активности на оваа платформа. Секоја недела, платформата споделува значителен дел од приходите од реклами со своите корисници преку Uhive-токенот, кој доаѓа со можност да заработите неколку токени за понатамошна употреба.

Корисничкиот токен Uhive се заснова на Етереум технологијата и е ERC-20 токен. Токенот може да се купи преку Биткоин трансакција, iOS App Store, Google Play Store, Етереум трансакција или PayPal. Може да се купи и со девизни валути како што се еврото, американскиот долар или британската фунта.

5. BitJob

BitJob е уште еден корисен блокчејн проект кој може да ја промени иднината на вработувањето, особено за студентите. Девелоперите се надеваат дека ќе го постигнат ова преку моќта на блокчејн. Од имот изјавија

„Со користење на блокчејн, ние поврзуваме 500 милиони студенти со лидерите во глобалната индустрија за да создадеме нови канали за приходи, нови работни места и нови деловни можности“.

Премостувајќи го јазот меѓу потенцијалните работодавци и студентите, полесно ќе им биде на солидните студенти да ги започнат своите работни соништа без да поминат низ строгите мерки на пазарот на трудот. BitJob е изграден на Етереум мрежата. Блокчејн им овозможи на девелоперите да креираат негова намена што помага во решавање на некои прашања поврзани со вработувањето, како што се верификација на идентитет и слично. Ги комбинира придобивките од фриленс веб-страниците со Етереум блокчејнот. Ова е прв хибриден блокчејн проект кој им нуди на студентите и на работодавците peer-to-peer врска.

Конкретно дизајниран за студенти кои бараат можности за вработување, BitJob ја користи моќта на блокчејн за да им помогне на корисниците да најдат плата што одговара на нивната услуга или ниво на вештина. Проектот исто така поддржува награди, стимуланси и здруженија.

6. GOeureka

Каде и да сте во светот и ако ви треба сместување, блокчејн технологијата може да ви помогне да го добиете најдобриот хотел кој одговара на вашите специфични потреби. GOeureka тврди дека има околу 400.000 хотели на располагање во различни делови на светот.

Веб-страницата работи како традиционален хотелски агрегатор на кој наведувате локација, датум за чек-ин и чек-аут и број на луѓе. Како и да е, за разлика од другите сајтови за резервации на хотели, GOeureka има намера да го подобри вашето искуство при барање на смештај преку искористување на блокчејн за зголемување на транспарентноста и намалување на трошоците. Притоа, GOeureka ќе помогне во решавањето на проблемот со скриените дополнителни такси во индустријата за резервации на хотели. Во интервју, извршниот директор на GOeureka, Мараж Раи, изјави:

„Она што го создадовме во основа е онлајн платформа за патнички резервации, користејќи ја моќта на блокчејн технологијата. […] Ние се потрудивме да создадеме потранспарентна платформа, во суштина пазар на кој се конектираат хотелите и корисниците резервираат директно без никакви дополнителни такси.“

7. CogniPet

CogniPet користи блокчејн технологија за љубителите на миленичиња. Овој блокчејн проект ја користи моќта на вештачката интелигенција (AI) за да воспостави длабока врска помеѓу животните и луѓето. И блокчејн технологијата и одликата за препознавање на слика на AI се комбинирани за да им се олесни на луѓето да ги идентификуваат миленичињата, како и да воспостават врска. Така, миленичињата со помош на оваа технологија можат да се следат онлајн.

CogniPet развива апликација за да им овозможи на своите корисници да прават фотографии од животни на атрактивен начин. Како одгледувач, може да се соберат информации за животното и да се чуваат фотографии и други податоци на блокчејн. Овие податоци ќе содржат печат за локација и време, цврсто обезбеден со криптографија. Ова претставува дигитален сертификат, совршена замена за хартиени документи. Винченцо Венто, извршниот директор и основач на CogniPet, за тоа што го инспирирало да го направи овој проект, тој изјави:

„Пазарот за миленичиња е толку голем и дисконектиран, што стана профитабилен дури и за криминални организации. Околу 80% од онлајн рекламирањето е сомнително, промовирајќи нелегално увезени животни, при што многу миленичиња често се болни и злоупотребувани. Професионалните одгледувачи се натпреваруваат против црниот пазар, бидејќи сомнителните одгледувачи не ги вакцинираат своите животни и не обезбедуваат здрави, целосно проверени и овластени животни.“

Технологијата исто така им нуди на љубителите на миленичиња зголемени шанси да ги најдат своите изгубени миленици. Системот ќе помине низ базата на податоци за да пребарува за исчезнато милениче откако ќе се обезбедат фотографии од животното. Девелоперите веруваат дека, кога оваа технологија ќе добие глобално усвојување, полесно ќе се испитуваат кражбите на миленичиња.

8. Odem

Проектот Odem се фокусира на едукација и стекнување вештини. Тој е дизајниран да ја спречи зголемената стапка на невработеност во светот. Потенцијалните вработени можат да научат вредни вештини што ќе ги подобрат нивните можности за вработување. Така, корисниците можат да имаат пристап до поприфатливо, проверено и достапно образование и вработување.

Сајбер безбедноста, автономниот транспорт и блокчејн технологијата се некои од вештините кои се во голема побарувачка. Штом ќе заврши обуката, ингеренциите може да се споделат со потенцијалните работодавци. Платформата Odem нуди децентрализиран систем за складирање на датотеки што овозможува пристап до блокчејнот на Eтереум за чување на академски записи. Технологијата им овозможува на идните работодавци полесно да ги верификуваат квалификациите. Главниот извршен директор на Оdem, Ричард Магул, напиша во блог-пост, „Преку Odem, ние сме посветени да ја искористиме блокчејн технологијата за да го направиме образованието поефтино, достапно и проверено“.

9. VibeHub

VibeHub е „првиот VR / AR блокчејн пазар во светот“. Проектот ја зајакнува моќта и на зголемената реалност и виртуелната реалност за да им понуди на корисниците уникатно искуство преку симулирани слики. Можете да посетувате филмови, да играте игри со вашите пријатели или да направите практично сè што сакате. Можете исто така да уживате во изведби на јавни личности, уметници и други. Тие се претставени на начин што изгледа толку реален, при што вие имате чувство дека сте на нивните настапи.

VibeHub користи 3Д аватари опремени со други технологии, како што се видеата и voice chat, за да ви даде уникатно искуство додека ги гледате снимените слики. Можете да ги гледате VR / AR сликите на повеќе уреди.

10. Diana

Diana е платформа за регистрација на месечината која е отворена за сите. Да, месечината, која орбитира околу Земјата. Оваа иницијатива има за цел да воведе еднаквост кога станува збор за поседување сателит. Белата книга на проектот го цитира договорот за надворешниот вселенски простор на Обединетите нации, во кој се забележува:

„Надворешниот простор, вклучително и Месечината и другите небесни тела, не подлежи на национално присвојување преку барање сувереност, со употреба или окупација или со какви било други средства“.

Иако ова е точно, напредните земји, во смисла на истражување на вселената, веќе размислуваат да ја користат Месечината како база за рударство и вселенско патување. Ова ги става во неповолна положба нациите во развој, бидејќи тие немаат ресурси да се натпреваруваат за сопственоста на Месечината. Проектот Diana има за цел да го реши овој проблем со тоа што ќе ги регистрира своите учесници на блокчејнот за да создаде основа за еднакво поседување на месечината.

Учеството во проектот за регистрација на месечината помага во постигнување на три клучни вредности. Овие се техничката вредност на Месечината, социјалната вредност и економската вредност. Инвестирањето во Diana, според проектот, ќе помогне да се спречи приватната сопственост на Месечината. Платформата има за цел да ја подели површината на Месечината на 3,8 милијарди парчиња.

Регистарот на Месечината ќе работи на два стандардни ЕRC-20 токени. Овие се DIA и MOND. DIA токените ќе функционираат како доказ за регистрација на земјиште на површината на Месечината. Од друга страна, MOND токените ќе послужат како медиум за трансакција и ќе бидат поддржани од американскиот долар во 1:1 сооднос.

Leave a comment