Џони Деп ќе продуцира филм во рамки на крипто платформата за дистрибуција на содржини TaTaTu

Американскиот актер и продуцент Џони Деп соработува со крипто платформата за социјална забава TaTaTu, според извештајот на Hollywood Reporter, објавен во понеделникот, 22-ри октомври.

Како дел од новиот договор, холивудската ѕвезда ќе се здружи со основачот на TaTaTu, Андреа Иерволино со цел да создадат и произведат филмска и дигитална содржина заедно. Според написот, содржината ќе биде објавена од фирмата Infinitum Nihil во сопственост на Џони Деп.

Андреа Иерволино, ко-основач и извршен директор на Американскиот филмски конгломерат AMBI Media Group, ќе соработува преку неговата нова блокчејн Италијанска иницијатива TaTaTu.

Започната во мај 2018-та година, TaTaTu има намера да се бори против нелегалното пиратство и да ја подобри транспарентноста на имателите на права, како и да им помогне на висококвалитетни рекламни брендови со користење на дистрибуирана ledger технологија (DLT).

Платформата претставува комбинација на социјално медиумска веб-страница со Video on Demand (VOD) услуга, која работи на поттикнат систем преку наградување на корисници со токени за конзумирање на содржини. Токените може да се користат и од адветајзери за плаќање и рекламирање нивни содржини на TaTaTu.

Непосредно по лансирањето на TaTaTu, партнерката на Иерволино во AMBI, Моника Бакарди, инвестираше 100 милиони долари во TaTaTu, коментирајќи дека новата блокчејн алатка за филмска индустрија “го засилува [нејзиниот] bullish став за потенцијалот на блокчејната и крипто технологија”.

Во средината на јуни, холивудските режисери и продуценти имаа во план снимање на филм посветен на крипто оваа година, фокусирајќи се на перењето пари преку крипто средства во кој би глумеле членови на екипа од популарните Американски серии, како што се Westworld и Mad Men.

Leave a comment