Ќе може ли приватноста на блокчејн да го спаси Facebook?

Нема сомнение дека Facebook поместува граници со приватната комуникација. Но, за да навистина успее со овој нов бизнис модел, компанијата мора повторно да размисли за начинот на кој ја монетизира содржината низ својата платформа.

Едно од решенијата ќе биде развивање на екосистем за апликации околу содржината – екосистем каде што се клучни финансиските услуги и плаќања. Блокчејн технологијата, изградена и одржувана од внатрешната блокчејн група на компанијата, би била идеален двигател за поддршка на овие нови услуги, од приватните пораки на Facebook па се до трансакциите што се одвиваат низ платформата.

Во оваа статија, ќе разгледаме како компанијата стигна до оваа идеја за овој нов модел, зошто е подготвен да успееи за импликациите за Facebook и пошироко.

Навраќање наназад: Приватноста на Цукерберг

Во есента 2015-та година, Марк Цукерберг и Facebook беа на врвот на светот. Рекламниот бизнис на компанијата растеше со двоцифрена стапка, нивните акции беа на највисоко ниво.

Тогаш се случија изборите во 2016-та година, и со тоа дојде нападот на лажни вести. Во текот на следните две години, Facebook се соочи со зголемен контролен надзор. Интегритетот на содржината на нивната платформа почна да станува важен. Во очите на јавноста, Facebook се префрли од платформа за технологија во новински медиум, и како и секој медиум, мораше да ја преземе одговорноста за неговата содржина.

Што направил всушност Facebook? За почеток, компанијата објави ангажирање на илјадници уредници за да помогне во намалувањето на објавите на лажни вести на својата платформа.

Овој нов предизвик го оспори нивниот деловен модел базиран на рекламирање, како што истакна капиталниот инвеститор Хентер Холк, преземањето поголема сопственост на содржина значеше и помали софтверски маргини. Facebook беше под притисок од двата регулатори да преземe одговорност и акционерите да ја зголемат својата проценка.

Потоа, на почетокот од овој месец, Марк го претстави својот клучен столб. Тој воведе ревидирана визија за Facebook – која што се фокусира на приватна, безбедна комуникација во помалите заедници.

“Верувам дека иднината на комуникацијата се повеќе ќе се префрли кон приватни, енкриптирани услуги” – Марк Цукерберг

Безбедните Facebook пораки би можеле да бидат следната “супер апликација”

На пазарите кои не се прошируваат, како што е САД, каде што е распространето усвојувањето на кредитни картички, Google и Apple app stores решаваат пронаоѓање на third-party app и потешкотиите при исплати. Потрошувачите ги даваат деталите за нивната кредитна картичка во app store, и оваа информација станува достапна за користење преку екосистемот на апликации.

Како и Google и Apple, платформата за безбедни пораки на Facebook може да им овозможи на трети апликации да ги приклучат своите услуги во и околу апликацијата за четување. Со тоа ќе креира услуги, како што се овозможени блокчејн исплати, достапни преку екосистемот на апликациите.

Преземајќи еден чекор понатаму, Facebook може да се потпре на блокчејн за финансиски услуги директно на платформата и да помогне во олеснувањето на плаќањата преку интернет и други финансиски услуги, особено на пазарите во развој кои брзо се трансформираат од готовина во дигитални плаќања.

Super app моделот е просперитетен во Азија

Мобилни super apps  се де факто метод за трговија во Азија. Потрошувачите во регионот користат мобилни апликации како Gojek, Grab и Alipay – 10, 14 и 150 милијарда долари по пазарен капитал (соодветно) – за да пристапат и платат за апликации и услуги околу музика и транспорт, па се до игри и виртуелни добра. Не само што се очекува овој моментум да го забрза идниот раст во Азија, туку, најверојатно, ќе се шири на глобално ниво.

Овие компании за super apps го добиваат својот капитал од парични средства преку дигитални и e-commerce трендови во регионот. Кредитните картички не се доминантни во Азија, а Apple и Google’s app store ограничувања за објавување не се економски поволни за девелопери (30 проценти трошок за нешто купено преку app store). Понатаму, азиските потрошувачи претходно плаќаат за проток и затоа се конзервативни со користење на mobile data.

Ова создава многу потешкотии во плаќањата, особено мобилните плаќања и значи дека учесниците кои нудат нови услуги треба да превземат земја-до-земја хипер-локален пристап во намалувањето на потешкотиите при исплатите преку нивните мобилни апликации.

Овие азиски super apps го направија токму тоа. Тие го решија проблемот со плаќањето за корисниците на мобилни уреди, бидејќи им овозможија на потрошувачите на полесни начини да стават пари во нивните апликации преку кеш и банкарски трансфери (бидејќи кредитни картички не се толку распространети во овој регион).

Азиските super apps ги воспоставија своите пазари далеку пред да се формираат блокчејн и криптовaлутите. Сепак, за нови super apps, почнувајќи од денес, има повеќе смисла да се приклучат на блокчејн за плаќања и други финансиски услуги отколку да градат инфраструктура од нула.

Facebook, исто така, може да ја префрли монетизацијата од рекламите во e-commerce преку исплати и услуги базирани на блокчејн

‘Освен тоа, треба длабоко да се размисли за сите услуги кои ги градиме над таа основа – од тоа како луѓето вршат плаќања и финансиски трансакции, до улогата на бизнисот и рекламирањето, до тоа како можеме да понудиме платформа за други приватни услуги.’ – Марк Цукерберг

Екосистемот за трети страни на Facebook изграден околу безбедните пораки ќе биде следната super app. Блокчејн услугата за плаќање на компанијата ќе им помогне на клиентите да вметнат средства во новата super app и да ја користат за исплата на e-трговија и за in-app плаќања, слично на начин кој денес развиениот свет веќе ги користи Apple и Google app stores за да изврши плаќања на мобилните уреди.

Но, тука Facebook, преку проширување на блокчејн инфраструктурата и крипто берзите, може да има дополнителна предност. Компанијата може да ја активира својата веќе масовна корисничка база во регионот и да го реши истиот проблем со исплатите, преку партнерство со регионални крипто берзи, како и влезовите и излезите кон Facebook super app.

Навлегувањето во блокчејн и крипто технологијата на овој начин би можело да помогне Facebook да се истакне на пазарите во развој и да го преземат уделот на пазарот од постоечките провајдери. Така, откривајќи го повторно Facebook како што го знаеме денес.

Leave a comment