Њујоршка развојна корпорација ќе лансира блокчејн образовен центар

Њујорк може да започне со тестирање на блокчејн технологијата за различни случаи на употреба подоцна оваа година.

Во четвртокот беше отворен новиот блокчејн центар на Њујоршката  економска развојна корпорација (The New York City Economic Development Corporation’s (EDC)) и има намера да започне со тестирање на случаевите на употреба на оваа технологија наредната есен, објави Bloomberg во четвртокот. Центарот е дел од партнерството со фондот за вложување на капитал Future\Perfect Ventures и трговската организација Global Blockchain Business Council.

Во овој момент не е јасно кои области можат да ги опфатат овие случаи. ЕDC е непрофитна корпорација која има за цел да го поддржи економскиот раст во градот. Таа делува како официјална корпорација за економски развој на Њујорк.

Самиот Њујорк придонесе 100.000 долари за новиот блокчејн центар, а објектот ќе продолжи да собира средства преку корпоративни партнерства и членарини.

Microsoft Corporation и IBM веќе соработуваат со центарот, изјави менаџерскиот партнер на “Future\Perfect Ventures”, Џалак Џобанпутра за Bloomberg.

Новиот центар, со седиште во округот Флатирон, ќе понуди часови за кодирање и host предавања насочени кон девелоперите во овој простор и пошироката јавност.

Овој потег доаѓа како што голем број на крипто стартапи почнаа да ги отпуштаат вработените поради тековниот bear пазар, но од центарот моментално не се загрижени поради тоа.

Ана Арино, главен стратег во EDC, изјави за Bloomberg дека центарот е “е тука да опстои”, додавајќи:

“Тоа е млада технологија, така што секоја година се јавува несигурност околу нејзината еволуција. Додека ние не знаеме што крие иднината, ние сакаме да се осигураме дека имаме удел во нејзиното обликување.”

Голем број компании почнуваат да поставуваат свои локали во Њујорк, вклучувајќи ја и Coinbase, која минатата есен ја отвори новата канцеларија во градот. Canaan, произведувач на хардвер за фармање на биткоин, исто така, наводно, размислува да започне свое ICO аво градот.

Leave a comment