Јужнокорејската влада ветува поддршка за блокчејн стартапи за да го олесни развојот на индустријата

Корејското Министерство за наука и информатичка комуникациска технологија (MSICT) вети понатамошна поддршка за олеснување на растот на домашната блокчејн индустрија, објави Business Korea на 21-ви септември.

Вториот министер за наука и ИКТ, Мин Вон-Ки оствари средба со блокчејн стартап како дел од владините напори за воспоставување контакт со организации во она што го нарекоа десетте клучни ИКТ сектори на Четвртата индустриска револуција.

Агендата на состанокот беше посветена на блокчејн тест-проектите, иницирани од владата, со цел да се зајакне блокчејн пазарот и да се подобрат јавните услуги со инвестиција од 4,2 милијарди вонови (3,7 милиони долари). Учесниците го разгледаа усвојувањето на блокчејн технологијата при царинење, потеклото на добиток и трансакции со имот. Мин изјави:

“Со оглед на фактот дека не постои значителен јаз во блокчејн технологијата помеѓу Јужна Кореја и другите земји, тоа е добра можност за Јужна Кореја да ја води индустријата. Владата активно ќе ги поддржи домашните компании за да им помогне да го предводат глобалниот блокчејн пазар.”

Блокчејн стартапите ја нагласија потребата да се формира cloud-based блокчејна средина, да се обезбеди поддршка за истражување и развој во приватниот сектор и да се создаде здрава конкурентна средина помеѓу домашните и странските блокчејн програмери.

Иако владата на Јужна Кореја ги забрани сите видови на ICOs и нема развиено поврзана политика со истото, бидејќи земјата е позната по својот проактивен пристап кон усвојување блокчејн.

На почетокот на септември, партнерство иницирано од страна на MSICT започна шестмесечен курс за обука за да претвори 44 кандидати во “блокчејн специјалисти”, со цел да се зголеми достапноста на квалификувани економски професионалци во блокчејната индустрија на Јужна Кореја.

Корејската царинска служба претходно овој месец потпиша договор со Samsung SDS за усвојување на блокчејн технологијата за нејзиниот систем за царинење. Царинските служби се надеваат дека ќе го рационализираат и обезбедат споделувањето на документи во секоја фаза, од царинските декларации за извезени стоки до испораките.

Leave a comment