Јапонски телекомуникациски гигант сака да го употреби блокчејн за складирање на контакти

Јапонскиот телекомуникациски гигант Nippon Telegraph and Telephone (NTT) можеби ќе пробаат да измислат нов систем за договори базиран на блокчејн технологијата, според барањето за патенти објавен во четвртокот.

Четвртиот по големина светски телекомуникациски оператор објаснува како може да ја користи апликацијата за складирање на кориснички договори, без да дозволи мешање на документите. Како што е наведено, системот ќе користи блокчејн за да го шифрира договорот, како и да го складира на децентрализиран начин, што може да го поедностави процесот за верификација со отстранување на потребата за централизирано управување.

“Примачот на трансакцијата од издадениот договор” ќе генерира нова трансакција која може да биде поврзана со оригинална “договорна трансакција” напишана на блокчејнот.

Документот објаснува:

“Овој пронајдок користи блокчејн како доказ за договор направен меѓу мноштво странки. Договорот овде се однесува на договор за продажба, дело на трансфер, барање, договор за согласност и слично, и е документ во кој се опишува содржина на договор направен меѓу две или повеќе поединци или организации.”

Сите страни кои сакаат да бидат вклучени во договорот ќе ги поврзат трансакциите со оваа главна виртуелна “трансакција на договор” која на крајот ќе биде вратена кај “договорниот издавач за да се затвори синџирот на трансакции”.

Откако ќе се затвори, патентот објаснува дека ќе има “печат за верификација на договорот” за да се обезбеди доказ дека договорот за блокчејнот е точен, со споредување на public keys кои се користат за електронски потпис на почетокот на блокчејнот со оние што се користат на крајот.

Целиот систем, според Nippon Telegraph and Telephone, е “едноставен метод …го одржува модусот на еден електронски потпис по трансакција и го одржува кредибилитетот”.

Како четврта по големина телефонска оперативна компанија во светот вредна за 94,2 милијарди долари по проценка на Michigan TechNews, Nippon Telegraph and Telephone објави во соопштението за печатот минатата година дека новите технологии како што се блокчејнот прават потребите на информатичката и комуникациската технологија да се се “посложени”.

Leave a comment