Јапонски град испитувa блокчејн гласање за програми за социјален развој

Јапонскиот град стана еден од првите во земјата кој тестира систем базиран на блокчејн, кој им овозможува на жителите со гласање да одлучуваат за програмите за локален развој.

Владата на Цукуба, град познат по својата улога во научниот развој од 1960-тите години, го заврши блокчејниот тест на 28-ми август со 119 гласови собрани, според извештајот на Japan Times во неделата.

Оваа технологија беше искористена за да се изберат проекти за социјални придонеси од еден пакет предлози фокусирани на технолошки апликации, вклучувајќи  internet of things и вештачка интелигенција, според веб-страницата на владата.

Во извештајот се вели дека системот интегрира машина за верификација на идентитетот со децентрализирана мрежа. По ставањето на лична карта на машината за верификација, гласачите продолжија да ги избираат нивните преферирани програми. Системот понатаму ги шифрира и складира податоците од нивните гласачки ливчиња преку tamper-proof  дистрибуираната мрежа.

“Мислев дека тоа ќе вклучува покомплицирани процедури, но сфатив дека е минимално и лесно”, изјави градоначалникот на Цукуба, Татцуо Игараши, откако тој, исто така, гласаше преку системот.

Во извештајот на новинската агенција Jiji  во саботата се вели дека ако апликацијата се покаже успешна по понатамошниот преглед, локалната влада очекува да ја прошири услугата за жителите кои живеат во планинските области, оддалечените острови и земјите во странство.

Тестот е најновата инстанца во која владите се свртија кон дистрибуираната ledger технологија за идавање и обезбедување на гласачки ливчиња.

По истиов пример, американската држава Западна Вирџинија исто така треба да усвои апликација заснована на блокчејн низ целата земја за да им помогне на гласачите од армијата кои се во странство да гласаат од далечина на изборите во ноември.

Во март, општинската влада на главниот град на Русија, Москва, го лансираше Digital Home, услуга која им овозможува на жителите на високите облакодери електронски да гласаат за прашања како да ги надградат аспектите на зградите или да ангажираат нови компании за станбено управување.

Leave a comment