Јапонски банкарски гигант донираше 800 илјади долари за блокчејн курс на Универзитетот во Токио

Универзитетот во Токио ќе започне блокчејн курс по донација од околу 800.000 долари од неколку компании, меѓу кои и Јапонскиот банкарски гигант Sumitomo Mitsui (SMBC) и Ethereum Foundation, објави Cointelegraph Japan на 21-ви ноември.

Во соопштението за медиумите од 20-ти ноември, SMBC набројува уште пет соработници, освен самата себе и Ethereum Foundation, кои придонесоа за донацијата: Good Luck 3, JSS, Zipper, Hotto link и Money Forward. Банкарската група не ги открива деталите од донацијата од 90 милиони јени, ниту пак го откри главниот соработник.

Според соопштението за медиумите, образовниот курс, наречен “Blockсhain Innovation Donation Course”, на Факултетот за инженерство на Универзитетот во Токио ќе трае три години: почнувајќи од 1 ноември 2018-та година, ќе трае до 31 октомври, 2021-ва.

Курсот е развиен за студентите кои имаат за цел да станат блокчејн претприемачи. Тој е фокусиран на развој на децентрализирани решенија, нивна социјална имплементација и човечки ресурси. Модулот ќе ги комбинира предавањата и практиката, како што е воспоставување на информатичка и комуникациска технологија (ИКТ) услуга или развивање на бизнис-модел управуван од блокчејн.

Како што честопати известуваат медиумите, блокчејн е од интерес за многу универзитети низ целиот свет. Според една неодамнешна студија на Coinbase, 42 отсто од првите 50 универзитети во светот нудат барем едно предавање поврзано со крипто, додека курсевите поврзани со блокчејн се најприфатливи на Stanford и Cornell во САД.

Неодамна, University of Gibraltar, New York University и German Frankfurt School започнаа со курсеви поврзани со блокчејн.

Ethereum Foundation, непрофитна организација со цел за поддршка на блокчејн проекти на Ethereum, го објави четвртиот бран од своите грантови доделени на 20 различни лица и субјекти во средината на октомври. Вкупниот износ на награди надминуваше 3 милиони долари, со најголеми грантови во вредност од 500.000 долари кои им беа доделени на Prysmatic Labs and Status, и двете работеа на екосистемот Ethereum 2.0 кој прв го објави ко-основачот Виталик Бутерин во ноември 2017-та година.

Leave a comment