Јапонскиот комуникациски гигант LINE лансираше своја криптовалута

Јапонскиот комуникациски гигант LINE за лансираше сопствена криптовалута и in-house блокчеjн, според соопштението објавено вчера, 31-ви август.

LINE откри дека генезискиот блок на својот нов mainnent, LINK chain, беше генериран на 23-ти август. Компанијата го опишува својот mainnet  како “услужно-ориентирана” блокчејна мрежа која ќе им овозможи на децентрализираните апликации (dApps) директно да се применат на платформата за пораки на LINE.

Компанијата планира да издаде вкупно 1 милијарда LINK токени на корисниците на својата платформа, велејќи дека ќе задржи 20 проценти – или 200 милиони токени – како резерва за компанијата. Токените ќе се користат како средство за исплата за голем број на LINE-услуги.

Според соопштението, новите токени се издаваат од страна на филијала со седиште во Сингапур, наречена LINE Tech Plus PTE,  формирана претходно од LINE оваа пролет.

Наместо преку ICO, новите токени ќе бидат дистрибуирани преку награден систем кој ќе компензира секогаш кога LINK корисниците користат одредени услуги во рамките на LINE екосистемот. Како пример, компанијата наведува дека LINK ќе биде доделен по интензивно користењето на dApp услугите на LINE-от кои наскоро треба да бидат лансирани. Белата книга за економијата на токени на  LINE покажува дека нејзините први две dApps ќе бидат пуштени во употреба до септември, а над 10 од нив ќе бидат објавени до првиот квартал од 2019-та година.

Како и примање на токени како стимулации, меѓународните корисници ќе можат да тргуваат со LINK на неодамна лансираната BITBOX крипто-платформа за размена и тргување од септември. Во најавата стои дека, како што BITBOX сè уште не добила официјална дозвола за работа од Јапонската Агенција за финансиски услуги (FSA), домашните корисници првично нема да можат да го користат BITBOX како средство за трговија и купување на токени.

Како што објави Cointelegraph, LINE го објави формирањето на блокчејн фонд од 10 милиони долари претходно овој месец, со цел да го зголеми развојот и усвојувањето на криптовалутите и блокчејн технологијата.

Leave a comment