Јапонската влада работи на поедноставување на крипто даночните пријави

Јапонската даночна комисија бара начини за поедноставување на постојниот систем за даночните пријави за крипто, со цел да се осигураат дека инвеститорите точно ги пријавуваат своите добивки.

Комисијата, која ја води политиката за оданочување и истовремено го советува премиерот, одржа состанок на Генералното собрание на 17-ти октомври, со дискусии околу потенцијалните подобрувања на процесот, според регионалниот весник Sankei.

Комитетот, наводно, планира нов систем кој ќе го стандардизира процесот на поднесување даноци и ќе им олесни на даночните обврзници да пресметаат добивка за продажбата на дигитални средства против fiat валути и другите криптовалути.

Во моментов, пресметувањето на крипто профитите може да биде тешко, се вели во извештајот, додавајќи дека цената за криптовалути на различни платформи за размена може да варира, додека начинот на кој различните платформи ги чуваат своите историски податоци за трансакциите исто така не се стандардизирани. Како такви, на даночните обврзници може да им биде тешко да поднесат соодветен данок.

“Бидејќи е неопходно да се земат во предвид рамки различни од системот на оданочување и деловни практики, ќе одржиме мал состанок на експерти за продлабочување на дискусијата додека во меѓувреме ги слушаме надворешните мислења”, беше цитиран Минору Наказато, претседател на даночната комисија.

Во моментов, профитот од продажбата на криптовалути во Јапонија спаѓа под “разни приходи”. Се применува даночна стапка од 15 до 55 проценти, во зависност од вистинскиот износ на добивки над прагот од 200.000 јени годишно, или околу 1.800 долари.

Како што објави CoinDesk во јуни, пратениците во Јапонија го покренаа прашањето за промена на крипто оданочувањата од нивната сегашна класификација на “одделно декларирано оданочување”, иако заменик-премиерот на Јапонија во тоа време го отфрли тој предлог.

Leave a comment