Јапонија ја одобри 17-тата крипто берза – нејзината прва после една година

Повеќе од една година откако Јапонската Агенција за финансиски услуги (FSA) конечно одобри една крипто берза законски да функционира во земјата. Coincheck, која беше хакирана рано минатата година, стана 17-та целосно регистрирана крипто берза во земјата. Берзата направи многубројни подобрувања откако беше купена од Monex Group.

FSA конечно ја одобри Coincheck

Највисокoто финансиско регулаторно тело на Јапонија, Агенцијата за финансиски услуги (FSA), во петокот објави дека ја одобри регистрацијата на Coincheck како крипто берза. Според Законот за платежни услуги во земјата, сите крипто берзи мора да се регистрираат кај FSA.

Матичната компанија на берзата, Monex Group, во петокот објави и соопштение за печатот со детали за регистрацијата. Соопштението гласи:

“Coincheck Inc … објави денеска дека се регистрираше во Kanto Financial Bureau како крипто берза во согласност со Законот за платежни услуги, и важи од 11-ти јануари 2019-та година.”

Според веб-сајтот на FSA, Coincheck ги има следните 9 криптовалути: Биткоин, ЕТH, ЕТC, LSK, FCT, XRP, XEM, LTC и BCH.

Откако беше хакната во јануари минатата година, Coincheck суспендира одредени услуги за “да се фокусираат на подобрување на управувањето и внатрешните контроли преку развој на планови за подобрување на бизнисот и нивно спроведување”, објаснува компанијата. На 26-ти ноември беа продолжени услугите за разменливи криптовалути, вклучително и депозити, испраќање, купување и продавање.

Coincheck првично аплицираше за регистрација од FSA во септември 2017-та година. Додека регулаторот одобрил 16 крипто берзи во текот на таа година, продолжи да го оценува Coincheck. Берзата беше класифицирана како deemed dealer, што значи дека и беше дозволено да работи додека FSA ја разгледуваше нејзината апликација.

Направени потребните подобрувања

Во соопштението во петокот, Coincheck наведе шест области кои ги подобрила, со цел да се усогласат со барањата за регистрација на FSA. Берзата има “фундаментално го има подобрено управувањето”, “ја ревидираше деловната стратегија и обезбеди заштита на клиентите”, “ја засили контролата на управувањето од страна на одборот”, “ги појасни ризиците за криптовалути што ги нуди компанијата”, “спроведе мерки за спречување на перење пари AML) и борба против финансирањето на тероризмот (CFT)” и “ја ревидираше организациската структура за да се обезбеди валидност”.

Monex Group објави оглас на 25-ти декември, објаснувајќи им на инвеститорите дека ниту тие ниту Coincheck не нудат “крипто бизнис, поврзан со фармање, вклучувајќи и самото крипто фармање”. Ова појаснување ги следеше најавите на GMO Internet и DMM.com во врска со нивните сопствени фармачки операции. GMO Internet изјавија дека повеќе нема да развиваат, произведуваат и продаваат машини за фармање. DMM.com , наводно, излегува од крипто фармачкиот бизнис.

Покрај тоа, компанијата ги увери инвеститорите дека “не вршат крипто трансакции на своја сметка”, додавајќи:

“Coincheck Inc. ги спроведува покриените трансакции со домашни и странски крипто берзи, за позиции кои произлегуваат од трансакциите од продажбата и купувањето со клиентите.”

Одобрувањето на Coincheck доаѓа повеќе од една година по последната крипто берза, Bitocean, која беше одобрена од страна на FSA на 26-ти декември 2017-та година. Хакерскиот напад на Coincheck во јануари ја поттикна агенцијата да ја забави стапката на одобрувања и почна да го заострува својот надзор над крипто берзите, принудувајќи 13 од вкупно 16 трговци да излезат од пазарот. Сепак, FSA изјави на крајот од минатата година дека повеќе од 190 крипто операторски берзи ја изразиле својата намера за влез на пазарот.

Leave a comment