Јавниот транспорт низ цела Аргентина сега може да се плати со Биткоин

Националната безконтактна паметна картичка, која се користи за плаќање за јавен превоз низ цела Аргентина, сега може да биде наполнета со Биткоин. Овие картички важат за возење во автобуси, возови, метро и моторни чамци во 37 градови, вклучувајќи го и главниот град Буенос Аирес, според веб-страницата на Аргентинската влада.

Внесување на Биткоин во Sube картичката

Корисниците на бесконтактната паметна картичка Sube (Системa Único де Boleto Electrónico) може да започнат да ја полнат со Биткоин за употреба во 37 градови во Аргентина, почнувајќи од четвртокот, според локалните новински сајт outlet cripto247.

Овие картички ги промовира Аргентинскиот секретар за транспорт и се користат за плаќање на услуги за јавен превоз низ цела Аргентина. Тие се валидни за “автобуси, возови, метро и моторни чамци”, објаснува веб-страницата на владата. “За да патувате со автобус или subte (подземно метро) во Буенос Аирес, ќе треба да добиете туристичка картичка за патувања Sube, забележува туристичката веб-страница на Буенос Аирес.

Дополнување на Биткоин на овие картички е можно благодарение на интеграцијата на платформата за финансирање на картички Alto Viaje и fintech стартапот на Bitex. Alto Viaje е наведен на официјалната веб-страницата на Sube на владата, како едни од продавачите кои сопствениците на картички можат да ги користат за финансирање на нивните сметки. Alto Viaje објаснуваат на својата веб-страница:

“Sube е единствената картичка која ви овозможува плаќања за јавен превоз низ цела Аргентина.”

Alto Viaje и Bitex

Alto Viaje сега нуди две методи за финансирање на Sube карти: Paypal и Биткоин. Наскоро платформата, исто така, ќе додаде средства преку Rapipago, според својата веб-страница. “Alto Viaje одлучи да ја искористи инфраструктурата на Bitex за технологијата и ликвидноста што тоа ја поседува, неопходен услов за соочување со проект од оваа големина”.

Главниот маркетинг директор на Bitex, Мануел Бодрут беше цитиран медиумите: “Ние веруваме дека овој тип на проект е од голема важност бидејќи ја носи важната технологија како Биткоин кон обичните луѓе, покажувајќи ја нејзината вистинска вредност и намените што ги има во секојдневниот живот”. Тој додаде дека минималниот износ на финансирање во Биткоин е 50 аргентински пезоси (1,32 долари), како што е објавено во соопштението.

Нагласувајќи дека неговата компанија сака “да понуди безбедни и иновативни услуги”, Лучијано Верардо, директор на Alto Viaje, изјави дека “сојузот со Bitex ни овозможува да го интегрираме плаќањето со биткоини и нови можности за финансиско вклучување за луѓе и компании”.

Leave a comment