Што се случува во крипто-сферата

Гледајќи како имаме неколку исплашени луѓе, без поим за што всушност точно се случува; еве кратко објаснување за што се случува во крипто-сферата и зошто да не се грижите.

Средниот Q2 и Q3 крипто bear market постојат од 2011-та година. Секоја година циклусот се повторува. Буквално. Секоја. Година.

На крајот на даночната година, ќе видиме пад на вредноста, бидејќи луѓето треба да ги ликвидираат (продадат) средствата за да платат данок за капитални добивки.

Ова ги преплашува најчесто неискусните крипто-трговци, предизвикувајќи ги луѓе да продаваат, продаваат и потоа уште да продаваат.

Ова на крајот води до пресврт на почетокот на новата даночна година, бидејќи поискусните трговци ги искористуваат своите неискусни колеги продавајќи неколку недели пред тоа. Потоа пристига летото и секоја платформа за размена во светот паѓа во обем (не само крипто), но неискусните трговци повторно се загрижуваат, па продаваат и продаваат и продаваат, бидејќи летото трае подолго и не постои trigger за купување.

Откако неискусните трговци ќе распродаваат и ние го достигнуваме дното, а дното е навистина воспоставено вообичаено околу Q4, а до овој момент искусните трговци расчистуваат и успешно си газат со подигање валкани евтини монети.

Ова е кратка анализа на пазарниот циклус на крипто. И ова истово се случува секоја година.

 

Leave a comment