Што е Биткоин и зашто е тој важен?

Биткоин е многу повеќе од само “шпекулација”. За жал, многу луѓе не го разбираат неговиот потенцијал. Ова е многу едноставен текст, кој е направен со цел читателот да го разбере Биткоин и зошто е тој важен.

Живееме во општество каде што можете да направите видео повик со некој од другата страна на светот само со неколку кликања. Тоа е нормално за 21-ви век, нели? Но, дали сметате дека е нормално да се чека до 5 дена за да се пренесат пари во 21-ви век? Не, тоа не е нормално, и најлошиот дел од тоа е дека банките ќе ви наплаќаат до 5% надоместоци за таа финансиска трансакција. Тоа е смешно, бидејќи правењето на видео повик е технички многу посложено отколку само префрлање на пари, бидејќи, на крајот на краиштата, префрлањето пари е само промена на неколку броеви. Ако Том сака да испрати 100 долари на Џон, единственото нешто што треба да го направат банките е да отстранат 100 долари од огромната сума пари што Том ги има на својата банкарска сметка и да ги додадат на сметката на Џон. И тоа трае до 5 дена и банките ќе ви наплаќаат до 5%. Скандалозно, нели?

Но, постои решение за тој проблем, и се вика Биткоин.

Биткоин е познат по својата шпекулативна страна. Многу луѓе во декември 2017-та инвестираа во Биткоин, кога беше во шпекулативен меур, а после тоа загубија многу пари. Сепак, Биткоин е многу повеќе од тоа и ќе ви кажам зошто.

Прво треба да го разберете Биткоин.

Технологијата зад него се нарекува блокчејн, синџир на блокови. Тоа е прилично комплицирано да се разбере, па ќе се потрудиме да го поедноставиме. Замислете дека сте во соба со 10 луѓе во неа. Во средината на собата има книга на маса. Кога ќе влезете во собата, таа книга е празна, таа е празна во смисла во неа нема ниту една страница. Оваа книга претставува блокчејн. Откако ќе ја започнете средбата со другите 9 луѓе, на секои 10 минути ќе се појави страница, и сè што ќе се случи во текот на овие 10 минути ќе биде напишано на таа страница. Значи, ако Томас се смее, тоа ќе биде напишано. Ако Џејсон му вика на Мајкл, тоа исто така ќе биде напишано. Во оваа соба има и огромна количина компјутери кои проверуваат дали она што е напишано во книгата е всушност правилно. Затоа што не би сакале да пишувате информации што се лажни. Луѓето што ги поседуваат овие компјутери се фармачи, а на секои 10 минути на крајот од страната, тие се наградени со мал дел, во овој случај, биткоин.

Во овој пример, книгата претставува блокчејн, страниците претставуваат блокови, затоа се нарекува блокчејн, бидејќи тоа е синџир на блокови, и сè што е напишано во него се трансакциите направени со Биткоин.

Значи, во суштина, секоја трансакција што ќе ја направите со Биткоин ќе биде зачувана на Биткоин блокчејнот. Фармачите се луѓе чии што компјутери кои ги потврдуваат трансакциите направени на мрежата. Толку е едноставно!

Сега, кога ја разбравте технологијата зад него, можеме да зборуваме за придобивките од користењето на Биткоин.

Прво, Биткоин е децентрализиран, тоа значи дека никој не го контролира, не постои банка, организација, компанија, лице или кој било ентитет кој го контролира БИТКОИН. Со други зборови, кога поседувате Биткоин, вие сте финансиски независни, вие сте вашата сопствена банка. Ова е револуционерно, бидејќи ако владата сака да ја блокира вашата банкарска сметка, тие можат да го сторат тоа. Ако Facebook не ве сака на нивните социјални медиуми, тие едноставно може да ви забранат пристап. Но, никој не го контролира Биткоин, па никој не може да го блокира, забрани, или одземе вашиот Биткоин толку лесно.

Второ, е многу многу многу сигурен. Тој е толку сигурен што можаме дури и да кажеме без двоумење дека е посигурен од вашата банка. Причината зошто е тоа така,е дека единствениот начин да се хакне системот, и мислам на тоа навистина да се хакне протоколот сам по себе, а не само да се украдат биткоини, е да се контролира повеќе од 51% од компјутерите што го фармаат Биткоин. Ова може да се чини лесно да се направи, но тоа ќе ве чини, само за трошоците за електрична енергија околу 5 милиони долари на ден за контрола на мрежата, а тоа се само трошоците за електрична енергија, што не е ништо, навистина ништо во споредба со трошоците за купување на сите овие многу скапи компјутери да фармаат Биткоин. Цената на еден фармач, компјутер кој фарма Биткоин, е приближно помеѓу 1000 и 3000 долари за само еден. Мора да сфатите дека ќе треба да поседувате стотици илјади од нив, само за да ја контролирате мрежата. Значи, тоа е навистина нереално. Затоа, по 10 години постоење, Биткоин никогаш не бил хакиран.

Трето, биткоин е брз. Ако Том сака да му испрати на Џон 100 долари во Биткоин, ќе биде потребен дел од секунда за Џон да ги добие тие пари. Ова е повторно револуционерно бидејќи дел од секунда не е ништо во споредба со 3 до 5 дена што треба да чекате да праќате пари преку банкарскиот систем.

Последната предност за користење на Биткоин се многу ниските, и мислам навистина многу ниските надоместоци. Ако повторно го земеме примерот на Том и Џон, ако Том користи Биткоин да испрати 100 долари на Џон, тој ќе добие околу 99,99 долари, па тоа е околу 0.01 долари за надоместок. Што е повторно, ништо во споредба со банкарскиот систем кој може да ви наплати, во овој случај, до 5 долари надоместок за трансакцијата.

Значи, да резимираме, со Биткоин сте финансиски независни, тој е многу посигурен од вашата банкарска сметка, многу побрз од банкарскиот систем, а надоместоците се астрономско ниски.

Leave a comment