Шпански регион дава 13 милиони долари за развој на “Индустрија 4.0” технологии, вклучувајќи блокчејн

Владата на Шпанската автономна заедница Арагон, одвои повеќе од 12 милиони евра за развој на “Индустрија 4.0”, која вклучува блокчејна технологија, вештачка интелигенција (АI) и други нови технологии. Веста беше објавена од страна на локалниот весник La Vanguardia на 12-ти февруари.

Средствата – чиј износ, наводно, е двојно повеќе од првично планираната сума – беа кофинансирани од Европскиот фонд за регионален развој (ERDF) во рамки на Оперативната програма Арагон за 2014-2020 година. Донацијата ќе се користи за развој на консултациски проекти и проекти за  индустриска сопственост, како и за анализа и планирање на проекти.

Специфичните цели на програмата вклучуваат едукација и промоција на концептот “Индустрија 4.0” и придружните технологии. Програмата, наводно, планира да привлече претставници од различни индустриски сектори, вклучувајќи ги истражувачките центри и технолошките фирми за да работат на дигитални решенија прилагодени за употреба во индустријата.

Програмата исто така е дизајнирана да им помогне на малите и средни претпријатија (SMEs) да ја инкорпорираат дигитализацијата во нивните процеси и производи, како и да им овозможат на технолошките компании да ги развијат своите R&D и да ја зголемат дигитализацијата на индустријата.

Во јануари, пристанишната управа на заливот Алхесирас (АPBA), Шпанија, потпиша договор со кој ќе соработува со IBM на нејзината платформа базирана на блокчејн наречена Tradelens. Платформата наводно ќе и овозможи на APBA посигурно и поефикасно да разменува информации и документација помеѓу партнерите во синџирот на снабдување.

Истиот месец, енергетската компанија Repsol, со седиште во Мадрид, објави успешен блокчејн тест за подобрување на квалитетот на безбедноста на своите производи. Употребата на блокчејн наводно ќе му овозможи на Repsol да заштеди до 400.000 евра секоја година со намалување на фреквенцијата на грешки.

Leave a comment