Шпанскиот производител на автомобили SEAT, се приклучи на конзорциумот на Alastria за развој на блокчејн производи

Шпанскиот автомобилски производител SEAT се приклучи на конзорциумот на Аlastria за да работи на развој на производи базирани на блокчејн. Cointelegraph на шпански ја објави веста на 16-ти јануари.

Основан во 1950-та година, SEAT е индустриска компанија во државна сопственост и најголем производител на автомобили во Шпанија. Прометот на SEAT, наводно, достигна рекордна бројка од 9,552 милијарди евра (2018 милијарди долари) во 2017-та година, што е за 11,1 отсто повеќе од претходната година.

Како што стои во неодамнешната најава, SEAT му се приклучи на Alastria, мултииндустриски полу-јавен конзорциум поддржан од национална мрежа од повеќе од 70 компании и претпријатија. Тие вклучуваат главни играчи како банките BBVA и Banco Santander, телекомуникацискиот оператор Telefónica, енергетската фирма Repsol и компанијата за професионални услуги Accenture. Целта на Алијансата е да го промовира напредокот и развојот на блокчејната технологија.

Како дел од соработката, SEAT планира да ги тестира придобивките од блокчејн во областа на финансиите, со цел да ги подобри и оптимизира постојните процеси и да го олесни управувањето со синџирот на снабдување.

Претседателот на SEAT, Лука де Мео, наводно, изјавил дека компанијата е “убедена во релевантноста која ќе ја има блокчејн технологијата во иднина”.

Во меѓувреме, SEAT и Telefónica веќе почнаа заеднички да работат на proof-of-concep на блокчејн производ кој ќе ги следи деловите на возилото низ синџирот на снабдување на фабриката на SEAT во Мартарел, Шпанија.

Минатиот месец американскиот автомобилски гигант Џенерал моторс (ГМ) поднесе блокчеин патент за решение за управување со податоци од автономни возила.

Во септември Германскиот автомобилски производител Porsche AG објави дека ќе ги зголеми своите инвестиции во стартапи – со фокус на блокчејн и вештачката интелигенција (AI) – за околу 176 милиони долари во следните пет години. Инвестициите се насочени кон фаза на “ран раст”, кои се однесуваат на “искуството на клиентите, мобилноста и дигиталниот животен стил”, како и идните технологии, вклучувајќи блокчејн, AI и виртуелна и зголемена реалност.

Leave a comment