Шпанскиот град Билбао лансираше тендер од 171 илјади долари за развој на јавна блокчејн мрежа

Билбао, најголемиот град во северна Шпанија, започна тендер од 150.000 евра (околу 171.000 американски долари) за да развие блокчејн за јавни услуги, објавија локалните власти во Билбао во понеделникот, 12-ти ноември.

Официјални лица од најголемиот град во Баскија сакаат да создадат децентрализирана платформа, со цел да дозволат легално лице да дејствува место некој на интернет. Крајниот рок за аплицирање за тендерот е закажан на 23-ти ноември.

Компанијата која ќе и биде доделен тендерот треба да ја развие блокчејната мрежа во рок од шест месеци. Според техничкиот опис на тендерот, победничката компанија треба да изгради мрежа слична на EJIE – дигитална платформа во сопственост на владата на Баскија. EJIE, пак, работи на JPMorgan’s Quorum, дистрибуиран ledger и smart contract платформа дизајнирана за финансиски потреби и врз основа на блокчејнот на Ethereum (ETH).

Со користење на блокчејн и smart contract, властите на Билбао сакаат да ја олеснат размената на податоци помеѓу различни јавни институции, што значи интероперабилност со EJIE. Официјалните лица веруваат дека блокчејната технологија ќе помогне безбедно да се складираат податоците на граѓаните и да ги спречи хаковите и промените од трети лица.

Шпанија останува еден од “основните примери на блокчејн оптимизам” на многу нивоа. Неодамна, Шпанската автономна заедница Арагон објави дека ќе обезбеди блокчејни услуги за граѓаните на државно ниво. Подоцна во октомври, едно од најпрометните пристаништа во Шпанија со седиште во Валенсија изјави дека создава “паметно пристаниште” за подобрување на логистиката и намалување на трошоците.

Во април, Американскиот JPMorgan Chase започна со тестирање на својата блокчејна платформа Quorum со партнери, меѓу кои и Goldman Sachs, Pfizer Inc. и Националната банка на Канада. Во септември, на платформата и се придружија над 75 мултинационални банки, вклучувајќи ги и Societe Generale и Santander.

Leave a comment