Шпанската автономна покраина Арагон ќе стане прва во земјата која ќе ја примени блокчејн технологијата

Автономната покраина Арагон во североисточна Шпанија ќе биде прва во земјата што ќе ја примени блокчејн технологијата во својата јавна администрација, објави локалната новинска агенција Europa Press во понеделникот, 17-ти септември.

Арагон е една од 17-те автономни покраини во Шпанија, кои беа создадени со цел да се гарантира поволна доза на автономија за различни националности и региони во земјата.

Фернандо Џимено, советник за финансии и јавна администрација во владата на Арагон, потпиша договор со Alastria – блокчејн екосистем на повеќе од 274 субјекти, вклучувајќи ги компаниите и институциите кои создаваат алатки базирани на блокчејн во согласност со Шпанските и Е.У. правни рамки. Како резултат на партнерството, Арагон ќе стане првата Шпанска автономна покраина која ќе обезбедува блокчејн услуги на државно ниво.

Гимено го нарече договорот “трансформативен”, во кој се наведува дека светот “ќе ја сфати одеднаш и силно” моќта на блокчејн технологијата во блиска иднина. Тој, исто така, истакна дека блокчејн е “иднината на технологијата” и  е “фундаментална” за јавната администрација.

Советникот од Арагон смета дека блокчејн ќе ја подобри транспарентноста и ефикасноста на администрацијата, што пак ќе привлече бизниси и инвестиции. Тој понатаму додаде дека вработените во регионалната администрација веќе се обучуваат да работат со технологијата за да се запознаат со нејзиниот “огромен потенцијал”.

Соседната Каталонија, исто така, изрази интерес за алатките базирани на блокчејн за нејзината јавна администрација. Одделот за дигитални политики на автономната покраина планираше да развие стратегија за инкорпорирање на блокчејн до крајот на декември 2018-та година.

Бидејќи технологиите базирани на блокчејн станаа интегрирани во јавната администрација ширум светот, поранешната владејачка партија во Шпанската влада, Partido Popular, ја разгледуваа опцијата за даночни олеснувања на компаниите кои користат блокчејн технологија.

Подоцна во јуни, Шпанската левичарска политичка коалиција, Unidos Podemos, посочи дека Шпанската влада формира поткомитет задолжен за проучување на потенцијалот на блокчејн технологијата и регулирање на криптовалутите.

Leave a comment