Шпанија ќе имплементира блокчејн за транспарентност во шумарската индустрија

Шпанското министерство за земјоделство, рибарство и храна планира да примени блокчејн технологија за развој на шумарската индустрија, објави локалниот весник EuropaPress на 21-ви септември.

Оперативната група, наречена ChainWood, има за цел да го подобри следењето и ефикасноста на снабдувањето со дрва во Шпанија преку имплементирање на блокчејн технологија во логистиката во оваа индустрија.

ChainWood е група од осум партнери од различни Шпански региони, вклучувајќи ги Галиција, Заедницата на Мадрид, Андалузија, Кастиља и Леон и Астуриас. Оперативната група беше формирана со финансирање од Министерството за земјоделство, рибарство и храна, Генералниот директорат за рурална и шумска политика за развој и Генералната државна администрација, со вкупна сума од 93.350 евра.

Работните состаноци на ChainWood веќе се одржуваат во Сантијаго де Компостела и во Мадрид, при што групата планира да развие cloud-based софтвер “кој ќе ја подобри транспарентноста” во процесите на шумарството – како што се создавање на цврсто дрво, дезинтеграција, целулозна паста, и биомаса – со примена на блокчејн,  big data и машинско учење.

Штом платформата ќе биде развиена, ChainWood ќе спроведе тест-експерименти во Кастиља и Леон со топола, Астурија со костен и Галиција со дабово дрво.

Овој август, Кинеската северна провинција Сечуан потпиша стратешки договор за соработка за основање на нова компанија, Hangzhou Yi Shu Blockchain Technology Co., Ltd, за “шумарскиот економски развој и индустриското намалување на сиромаштијата”.

Претходно ова лето, Каталонската Влада откри план за промовирање на блокчејн технологијата “со цел подобрување на дигиталните услуги за јавноста”, објави Cointelegraph на 25-ти јули.

Leave a comment