Шпанија останува главен пример за одржување на блокчејн оптимизмот на сите нивоа

На 17-ти септември, Europa Press објави за договорот на автономната заедница на Арагон, една од 17-те Шпански автономни заедници, потпишан со Alastria – блокчејн екосистем од повеќе од 274 субјекти, вклучувајќи ги и компаниите и институциите кои создаваат блокчејн алатки според шпанските и правните рамки на Европската Унија.

Овој блочејн има за цел да ја подобри транспарентноста и ефикасноста на администрацијата, што пак би привлекол бизниси и инвестиции. Една недела подоцна, федералните власти одлучија да бидат во чекор со своите регионални колеги со поделување на плановите со Министерството за земјоделство, риболов и исхрана за примена на блокчејн технологијата во шумарската индустрија.

Со сето ова на повидок, Шпанија останува единствениот оптимистички пример за добредојде на декларациите за крипто и случаи на усвојување на блокчејн. Најважните банкари во земјата, политичарите и државните службеници едногласно ги зграпчуваат можностите што DLT може да ги обезбеди.

Северните региони го водат напредокот

Што би понудила Alastra според договорот со автономната заедница Арагон? Блокчејн во државните служби. Како што изјави Фернандо Гимено, советник за финансии и јавна администрација во владата на Арагон,  технологијата ќе донесе транспарентност и ефикасност во администрацијата, што е важно за привлекување бизниси и инвестиции.

Тој понатаму додаде дека вработените во регионалната администрација веќе се обучуваат за работа со технологијата за да се запознаат со својот “огромен потенцијал”. Потпишувањето на договорот е само почеток на серија активности закажани од владата на Арагон кои треба да се случат до крајот на годината, како што се обуки и консултантски сесии за да се идентификуваат повеќе случаи на употреба на блокчејн во владата.

Соседската Каталонија – исто така автономна заедница на северозападна Шпанија, но со забележителна економска моќ и сепаратистички тенденции – во јули откри план за имплементација на блокчејн технологија во јавната администрација активност. Целта, исто така, е “подобрување на дигиталните услуги за јавноста и промовирање на потенцијалот на оваа технологија помеѓу администрацијата, компаниите и [граѓаните].”

Според соопштението за печатот, Одделот за дигитални политики на Каталонија мора да развие план за инкорпорирање на блокчејн технологиите во сите области на јавната администрација до крајот на декември 2018-та година. Успехот на овој проект е особено важен за новоизбраната Каталонска влада, бидејќи тие не би сакале да пропуштат шанса за “да го избегнат владеењето” на ривалот  Мадрид.

Алекс Сикарт Рамос, Шпански технолошки научник и член на ‘30 under 30’ листата на Forbes, ја замисли огромната област на имплементација на блокчејн која би можела да и помогне на Каталонија со својата деловна ДНК и со ладниот конфликт со федералната власт: На пример, сите граѓански информации би можеле да бидат шифрирани и зачувани во InterPlanetary File System  (IPFS) за да се избегне цензура и контрола на пристапот. Совршен начин за пристап до овие информации би можела да биде дигитална лична карта која ќе обезбеди дигитален пристап до сите Каталонски е-услуги (овој вид систем веќе е имплементиран во Естонија).

Шпанските банки влегоа во трката за усвојување

Во април 2018-та година, Banco Bilbao Vizcaya Argentaria (BBVA), втора по големина банка во Шпанија по средства и капитализација, стана првата глобална банка која користеше блокчејн технологија во текот на целиот процес на издавање на заем од 75 милиони евра (87 милиони долари).

Генералниот директор на BBVA, Карлос Торес, изјави дека блокчејн технологијата  не е “зрела” и додаде дека во иднина ќе може да се соочи со големи предизвици. Сепак, во јули BBVA потпиша нов заем од 100 милиони евра (117 милиони долари) за градежната фирма ACS Group. Пред тоа, во јуни, банката потпиша договор со Repsol, една од водечките компании за нафта и гас во светот, со нов договор за обнова на кредитната линија во вредност од 325 милиони евра (377 милиони долари).

Во вториот случај, изборот едвај беше случајен – Repsol и BBVA потпишаа договор за развој на блочејн решенија за корпоративно банкарство, користејќи повеќе различни блокчејн технологии, имено Hyperledger и мрежата за тестирање Ethereum. Нуриа Авалос, шеф на блокчејн и дигитална експериментација во Repsol, ја поздрави соработката:

“Repsol сака активно да учествува во средини за соработка. Блокчејн е технологија која е тука да остане и договорот со BBVA ја унапредува нашата стратегија на усвојување на дигитализацијата  во сите наши активни области.”

Еден од најжестоките национални конкуренти на BBVA, Banco Santander, исто така, не е непозната за блокчејн. Santander стана првата компанија која ја користи технологијата за гласање на инвеститорите. Банката соработуваше со Американската услужна компанија за електронска обработка на податоци, Broadridge Financial Solutions, за да го олесни гласањето на инвеститорите на својот годишен генерален состанок на 23-ти март.

Претходно во април, Santander го потврди лансирањето на нејзината Ripple мрежа за исплата со помош на блокчејн. One Pay FX, моментално достапна на iTunes, е првата мобилна апликација за меѓународни плаќања напојувана од блокчејн технологијата. Апликацијата, сега ограничена само на пренос на еврото во земји во еврозоната и долари само во САД, покажува дека клиентите на овие трансфери ги опфаќаат вкупните трошоци за нивно плаќање, вклучувајќи ги и банкарските такси и девизните курсеви, како и времето за испорака.

Но, очигледно ова е само почеток: во јули, компанијата го најави креирањето на истражувачки тим за блокчејн, кој ќе го разгледа потенцијалот на технологијата за промена на тргувањето со хартии од вредност. The Digital Investment Banking тимот, предводен од актуелниот лидер на блокчејн лабораторијата на Santander, Џон Велан, ќе “ја истражи употребата на токенизирани хартии од вредност на капиталните пазари на долг, дериватите и други производи”.

Ниту Banco Santander ниту BBVA соработуваат со банкарскиот конзорциум Niuron, но тоа на никој начин не ги прави помалку влијателни. Формиран во 2017-та година, Niuron, како што е наведено на официјалниот сајт, е “првиот блокчејн конзорциум во Шпанскиот финансиски сектор”. Конзорциумот ги вклучува Abanca, Bankia, Caixabank, Caixa Ontinyent, Ibercaja, Kutxabank, Liberbank, Unicaja Banco и Cecabank. Според извештајот базиран на средства и капитализација, Caixabank беше третата по големина банка во Шпанија во 2017-та година. Ibercaja, Kutxabank и Abanca исто така беа вклучени во првите 10 банки во земјата.

Групата банки, наводно, планира да ја создаде блокчејн платформата до крајот на 2018-та година, со цел да се развие систем базиран на блокчејн технологијата за да се идентификуваат и да се евидентираат клиентите кога ќе отворат сметка за прв пат. Откако платформата ќе биде завршена, податоците на клиентите ќе бидат поделени помеѓу различни банки и финансиски институции. Додека наводно ќе се поедностави дигиталната идентификација, таа исто така ќе биде во согласност со неодамнешните регулативи на ЕУ за заштита на податоците (GDPR) и современите безбедносни стандарди.

Niuron верува дека новата блокчејна платформа ќе ја подобри брзината на операциите, ќе ги намали измамите и ќе спречи перење пари. Платформата, наводно, ќе има е од корист на клиентите со тоа што ќе го намали времето потребно за процесот на регистрацијата и ќе им обезбеди поголема контрола врз нивните лични податоци.

Левичарите и конзервативците ги обединија ставовите на тема блокчејн

На 30-ти мај, Шпанскиот конгрес едногласно го поддржа нацрт-законот со кој позитивно би се регулирала блокчејната технологија и криптовалутите во земјата. Поради отсуството на супервизорска рамка, нацртот повика на преглед на регулативите кои се однесуваат на биткоинот и altcoins, како и за блокчејн, предлагајќи да се воведе технологијата на Шпанскиот пазар преку “контролирани тест средини”, вообичаено нарекувани регулаторни sandboxes.

Како резултат на сослушувањето, Конгресот, исто така, се согласи да го промовира блокчејн како рентабилен и дисидентски систем за плаќања и трансфери, што не е изненадување со оглед на неодамнешните про-блокчејни наклони во земјата. Во нацрт-законот беше предложена владината соработка со Националната комисија за пазарот на хартии од вредност (CNMV) и Банката на Шпанија за да се координираат во заедничка регулаторна позиција во врска со крипто во поширокиот европски контекст.

Еден месец подоцна, уште еден закон – овој пат од страна на владејачката Partido Popular – предложи да се користи блокчејн во јавната администрација на Шпанија. Тоа не беше првиот крипто-пријателски потег на центарско-десничарската Partido Popular – партија која планираше да дава даночни олеснувања на компаниите кои ја користат блокчејн технологијата уште во февруари 2018-та година. Изненадувачки, овој интерес во усвојувањето на дистрибуираната ledger технологија (DLT) го делат и главните опозициски сили: левичарската политичка коалиција, Unidos Podemos, во август ја повика државата да ги истражи и спроведе придобивките од блокчејн технологијата.

Unidos Podemos сугерираше дека Шпанската влада формира поткомитет одговорен за проучување на потенцијалот на блокчејн технологијата, како и за регулирање на криптовалутите. Алберто Монтеро, заменик на политичката алијанса, наводно го регистрирал барањето во долниот дом, заедно со проектниот план.

Управното тело фокусирано на блокчејн ќе ги собере на едно место јавните администрации, државните органи и јавните службеници, како и индустриските експерти. Иницијативата има за цел да го истражи “огромниот потенцијал” на блокчејн технологијата во смисла на намалување на трошоците за владините операции и зголемување на нивото на безбедност за социјални и економски трансакции.

Алијансата предложи да се осврнува на регулаторните пристапи за употреба на криптовалути во Шпанија. Според извештајот, дигиталните валути, како што се Биткоин (BTC), Ethereum (ETH) и Litecoin (LTC) во моментов се “лоцирани во сива област на регулација”. Коалицијата, исто така, предлага да ја заснова политиката според резултатите на EU Blockchain Observatory and Forum, што го започна Европската комисија во февруари 2018-та година.

Ова усогласено мултипартиско гостопримство кон блокчејн може да изгледа иронично, со оглед на тоа што технологијата може да игра витална улога во идното искоренување на политичката корупција, која е уште еден камшик кон Шпанското општество, како што покажаа неодамнешните скандали. The EU Blockchain Observatory веќе инвестираше повеќе од 80 милиони евра во различни сродни проекти. Како членка на Европското Блокчејн Партнерство, Шпанија е посветена на градење на апликации за блокчејн и вештачка интелигенција (AI) на ниво на ЕУ кои можат да се користат во борбата против корупцијата преку дигиталниот единствен пазар во корист на јавниот и приватниот сектор.

Владините тела не чекаат да се спроведат легислациите

Додека убавите зборови насочени кон блокчејн и ветувањата да продолжат со техничкиот напредок често се случуваат во политичките декларации и сепак остануваат само зборови, веќе различни Шпански владини тела одлучија да не чекаат конечната легислатива и веќе се нуркаат во неговото усвојување.

На 26-ти јули, Шпанската асоцијација на автори и издавачи (SGAE) и Мадридската школа за телекомуникациски инженеринг (ETSIT-UPM) објавија истражувачко партнерство за спроведување на блокчејн за полесно управување со авторските права. Двете институции, наводно, потпишале едногодишен договор за спроведување на колаборативно истражување за градење на платформа за дигитална обработка за полесно управување со авторските права, која би користела блокчејн заедно со big data, машинско учење и AI. Како претседател на SGAE, Хозе Мигел Фернандез Састрон изјави:

“Главните линии на истражување ќе се фокусираат на пионерските технологии кои ќе ги решат предизвиците кои ги поставуваат обемот, разновидноста и динамиката на промените во користењето на содржините во современото дигитално опкружување.”

Најновиот потег дојде од Шпанското Министерство за земјоделство, рибарство и храна, кое ги сподели своите планови за примена на блокчејн технологијата во шумарската индустрија. Целта на оперативната група, наречена ChainWood, е да го подобри следењето и ефикасноста на снабдувањето со дрва во Шпанија преку имплементирање на блокчејн технологија во логистиката на индустријата.

Во моментов, групата се состои од осум партнери од различни Шпански региони, вклучувајќи ги Галиција, Заедницата на Мадрид, Андалузија, Кастиља и Леон и Астуриас. Првата задача е да се развие cloud софтвер кој ќе ја подобри транспарентноста на шумарските процеси – како што се создавање на цврсто дрво, дезинтеграција, целулозна паста и биомаса – со примена на блокчејн, big data и машинско учење.

Leave a comment