Швајцарски стартап собра 103 милиони долари за да започне крипто-банка

Швајцарската фирма SEBA Crypto AG покрена 100 милиони швајцарски франци (103 милиони долари) за основање на банка која нуди услуги поврзани со криптовалути, објави Reuters на 26-ти септември.

SEBA е, наводно, предводена од поранешните банкари на UBS – Гвидо Булер како главен извршен директор и Андреас Амшванд како претседател – и планира да аплицира за лиценца за банкарство и хартии од вредност од швајцарскиот финансиски регулатор FINVA. Лиценцата ќе и дозволи на фирмата да спроведе крипто-тргување и инвестиции за други банки и квалификувани инвеститори.

Булер изјави за Reuters дека SEBA има за цел да стане мост помеѓу традиционалното банкарство и крипто-индустријата. Стартапот, исто така, има намера да обезбеди финансирање на претпријатија, вклучувајќи и консултации за ICO и други услуги поврзани со дигитални средства за корпоративните клиенти. Амшванд го коментираше проектот:

“Во Швајцарија имаме обврски кон различни власти да воспоставиме сеопфатно регулаторно опкружување за развој на блокчејн технологијата и одржлив, стабилен раст на крипто-активата.”

SEBA наводно планира да ги прошири своите операции во големи финансиски центри, почнувајќи од Цирих во 2019-та година. Инвеститорите кои го финансираа SEBA вклучуваат фирми како BlackRiver Asset Management и Summer Capital со седиште во Хонг Конг, заедно со други учесници од Швајцарија, Сингапур, Малезија и Кина.

Претходно овој месец, Швајцарската банкарска асоцијација (SBA) издаде основни упатства за банките кои работат со блочејн стартапи, со цел да се спречи масовен крипто-егзодус од Швајцарија поради регулаторната арбитража.

Според шемата обезбедена од страна на SBA, блокчејн компаниите без ICOs треба да се третираат како и други мали и средни претпријатија. Фирмите со ICO мора да ги следат строгите правила и да паднат под надлежност на Швајцарските закони за спречување на перење пари (AML) и know-your-customer (KYC) законите.

Во август приватната банка Maerki Baumann почна да прифаќа крипто-средства од плаќањето добиено за извршените услуги, како и оние заработени од крипто-фармање. Maerki Baumann истакна дека тие не се подготвени да обезбедат директни крипто-инвестиции, туку ќе им обезбедат  “експерти” на клиентите заинтересирани за крипто-инвестирање.

Во јуни, Hypothekarbank Lenzburg стана првата банка во Швајцарија која им обезбеди деловни сметки на блокчејн и fintech компаниите. Сепак, банката, наводно, е многу селективна во прифаќањето на нови клиенти и од јуни преземала само две компании од крипто-индустријата.

Leave a comment