Швајцарски крипто стартап ја направи највисоката Биткоин трансакција на 4164м

Провајдерот на крипто и финансиски услуги, Bitcoin Suisse тврди дека спровел тргување со Биткоин (BTC) на највисоката надморска висина досега во промотивен трик што се случи на 13-ти јули. Видеото на YouTube што го докажува ова достигнување е објавено на 19-ти јули.

Новата највисокаБиткоин трансакција

Според тврдењата на фирмата, тргувањето кое го извршиле нејзините вработени се случило на самитот на планинскиот венец Брејтхорн на Пенинските Алпи, што се наоѓа на границата меѓу Швајцарија и Италија. Покрај тоа, скоро 70 луѓе, наводно, учествувале во овој маркетиншки трик на 4164 метри над нивото на морето. Официјалниот Twitter профил на Bitcoin Suisse за постигнатото напиша:

„НОВ РЕКОРД! На 13-ти јули, Bitcoin Suisse ја спроведе ‘највисоката’ трансакција со биткоин досега снимена на самитот во Брејтхорн, Швајцарија, на 4164 метри надморска височина“.

Во мај 2018-та година, сличен промотивен настан изведе и Украинската социјална мрежа ASKfm за својата претстојна ICO, со искачување на Монт Еверест и поставување на хардверски Ledger паричник со токените на стартапот на неговиот самит, и доведе до смрт на Лам Бабу Шерпа.

Како што објавија крипто медиумите во јануари минатата година, KFC Canada исто така го искористи крипто за промовирање на ново јадење на менито – Bitcoin Bucket со пилешки крилца – која клиентите би можеле да ја купат исклучиво со биткоини.

Претходно овој месец, Швајцарскиот крипто-брокер Bitcoin Suisse аплицираше за лиценци за банкарство и за хартии од вредност од регулаторот за финансии на Швајцарија.

Leave a comment