Швајцарскиот сојузен совет: постоечките финансиски закони треба да се прилагодат на блокчејн индустријата

Швајцарскиот сојузен совет (Bundesrat) изјави дека постојното финансиско право во земјата одговара на блокчејн индустријата, но има потреба од специфични прилагодувања. Владата предложи неколку измени во официјалната изјава од Сојузното министерство за финансии (FDF) објавено во петокот, 14-ти декември.

На состанокот на 7-ми декември, Bundesrat усвои извештај за блокчејн правната рамка и дистрибуираната ledger технологија (DLT) во финансискиот сектор. Извештајот ги анализира релевантните рамковни одредби, ја истакнува потребата од мерки и предлага конкретни чекори за развивање на неопходните законски услови во блокчејната сфера.

Поточно, во извештајот се препорачува развивање на нова и флексибилна категорија за овластување на инфраструктурите за блокчејн финансиски пазари. Исто така, се залага за подобра правна јасност за сопствениците на дигитални регистри и за осигурање дека децентрализираните трговски платформи се предмет на Законот за спречување на перење пари (АML).

Федералниот совет, исто така, ги спомена резултатите на меѓусекторската работна група за ризиците при перење пари и финансирање на тероризам од криптовалути. Неодамнешниот извештај се базира на работата на работната група за понуда на блокчејн / ICO од страна на Сојузното министерство за финансии, кое, наводно, беше формирано во јануари 2018-та година.

По донесувањето на извештајот, Bundesrat му наложи на FDF и на Сојузното министерство за правда и полиција да подготват план за прилагодување за првиот квартал од 2019-та година. Bundesrat, исто така, им наложи на FTF да истражува дали законот за перење пари треба да се преиспита во согласност со одредени видови на crowdfunding.

Претходно оваа година, Сојузниот совет побара извештај за ризиците и придобивките од започнувањето на сопствената државна дигитална криптовалута наречена е-франк.

Leave a comment