Швајцарската берза: Блокчејн берзите ќе ги заменат традиционалните берзи за 10 години

Дигиталните берзи базирани на блокчејн технологија, целосно ќе ги заменат традиционалните за десет години, изјави Томас Зеб од Швајцарската водечка берза SIX за Reuters во средата, 14 ноември.

“Постојниот систем може да биде целосно заменет со тој на дигиталната берза за околу 10 години”, изјави Зеб, кој го води одделот за хартии од вредност и размена на SIX. “Во моментот кога брокерите, банките, осигурителните компании и менаџерите на имот навистина ги гледаат предностите [од блокчејн], тие релативно брзо ќе се придвижат кон него”, додаде тој.

Зеб го даде своето мислење во интервјуто со Reuters во пресрет на лансирањето на сопствена дигитална берза на SIX (SDX), која треба да почне да работи во средината на 2019-та година. Штом ќе се разјаснат правните прашања со Швајцарската влада и регулаторот за финансиски пазар во земјата (FINMA), компанијата ќе понуди тргување со одредени акции, проследено со други акции, обврзници и фондови со кои се тргува на берза.

Според Зеб, за одлуката за започнување на дигитална берза биле принудени од ривалството со големи крипто берзи, како Coinbase или Binance. Зеб верува дека тие “вршат притисок” во бизнисот на традиционалните берзи и претставуваат голема закана, додавајќи уште еднаш дека конкурентите би можеле да ги заобиколат банките или берзите целосно.

Швајцарија активно ги поддржува иницијативите поврзани со крипто, прилагодувајќи ја својата легислативна рамка за потребите на индустријата во различни области, вклучувајќи го и банкарството.

Во октомври, FINMA ја издаде првата лиценца за управување со крипто средства на земјата на крипто инвестициски фонд. Лиценцата ќе му дозволи да понуди широк спектар на колективни инвестициски производи кои ги следат Биткоин (BTC) и други крипто средства. И во ноември, локалниот стартап SEBA Crypto AG, кој има за цел да се создаде банка која нуди услуги поврзани со криптовалути, откри дека очекува да добие банкарска лиценца од FINMA во 2019-та година.

Пред тоа, Singapore Exchange Limited (SGX), заедно со Монетарната управа на Сингапур (MAS), успешно ја тестираа употребата на блокчејн за порамнување на токенизирани средства. Тестирањето беше спроведено во партнерство со Американскиот пазар на акции Nasdaq и консултантската компанија Deloitte.

Leave a comment