Член на Европскиот парламент: Децентрализација преку DLT “обезбедува поголема безбедност”

Малтешкaта политичарка и член на Европскиот парламент (MEP) Роберта Метсола, тврдеше дека децентрализацијата која се создава преку блокчејн “обезбедува поголема сигурност” за време на нејзиниот говор на Самитот за блокчејн во Малта во петокот, 2-ри ноември.

Обраќајќи се на самитот, Метсола изрази позитивен став пред Европскиот парламент (ЕП) во врска со новата крипто и блокчејн индустрија. Малтешката политичарка откри дека прашањата околу оваа индустрија се “се подразбира” дека се на агендата на ЕП, при што неговите членови охрабруваат да го придвижат усвојувањето од “визија кон реалност”.

Во нејзиното сведочење, Метсола изјави дека европските власти треба да покажат на луѓето дека децентрализацијата генерирана од дистрибуираната ledger технологија (DLT) “всушност обезбедува поголема безбедност”. Блокчејн технологијата е “во суштина за зголемување на довербата”, така што нејзината децентрализирана природа обезбедува “поголем мир” објасни Метсола.

Нагласувајќи го отворениот став на ЕП во индустријата, Метсола повика на нежен пристап во регулирањето на блокчејн и крипто сферите, тврдејќи дека новата индустрија има потреба од “правилен тип на регулација”. Членката на ЕП појасни дека индустријата бара “посебно законодавство” кое мора да се усвои “во вистинско време “.

До денес членовите на ЕП мора прво да се осигураат дека европскиот регулаторен и уставен екосистем е доволно флексибилен за да ја прифати новата технологија, изјави Метсола.

Во склоп на ова, Метсола го спомена новиот закон за крипто и блокчејн, усвоен од парламентот на Малта во јули, нарекувајќи го “добар чекор напред”. Сепак, политичарката истакна дека владата треба “да остане прилагодлива и на претпазлива”.

Во средината на октомври, Cointelegraph објави анализа за земјите од Европската унија (ЕУ) кои стануваат посериозни во врска со блокчејн технологијаta во рамките на новото тело наречено Европско Блокчејн Партнерство.

Претходно во октомври Европската агенција за хартии од вредност (ESMA) финансираше истражна кампања со буџет од 1 милион евра со цел следење на fintech и криптo средствата, со цел да се развијат универзални регулативи за финансиските пазари на ЕУ, како и да се обезбеди надзор на пазарот.

Leave a comment