Членовите на Libra размислуваат да го напуштат проектот заради притисок од владата

Најмалку тројца рани поддржувачи на Facebook за планираното лансирање stablecoin-от Libra, размислуваат да ја повлечат својата поддршка во однос на жестоката регулаторна реакција.

Во извештајот на Financial Times на 23-ти август се тврди дека двајца основачки партнери на Libra Association на Facebook разговарале за тоа што треба да бидат нивните „вистински следни чекори“.

Еден дополнителен – повторно неименуван поддржувач е наводно загрижен дека нивната јавна поддршка за Libra ќе привлече несакана регулаторна контрола на нивните сопствени, независни бизниси.

Обвинувачки игри

Како што беше претходно објавено, Libra Association е ново-воспоставениот, независен конзорциум за управување со Libra. Конзорциумот брои 28 основачки членови – вклучувајќи ги Visa, Mastercard, PayPal, Uber и Spotify- кои требаше да инвестираат 10 милиони долари за да се приклучат.

Во интервју за Financial Times, еден партнер забележа дека:

„Мислам дека ќе биде тешко за партнерите кои сакаат да се во согласност со своите регулатори да ја поддржуваат Libra“.

Друг поддржувач го критикуваше Facebook за неговата лошо замислена стратегија, велејќи дека:

„Некои од тие разговори [за регулативата] требаше да се случат пред објавувањето, за да разберат како регулаторите би реагирале на ова, така што немаше да има толку проблеми“.

Напнатоста, наводно, е присутна и кај двете страни. Еден партнер призна дека Facebook сам станува „уморен од тоа што се единствените што се залагаат за лансирањето на Libra”.

И Facebook и Libra Association, одбиле да коментираат.

Регулаторите напаѓаат

Како што објавија оваа недела, антимонополските регулатори на Европската комисија – се последните што влегоа во кругот на регулатори кои ја истражуваат Libra од откривањето на проектот овој јуни.

Владите, регулаторите и централните банкари кренаа таква врева, што до крајот на јули Facebook беше приморан да ги предупреди своите инвеститори дека stablecoin-от можеби никогаш нема да биде лансиран.

За време на сослушувањето во Комитетот за финансиски услуги на Претставничкиот дом на САД претходно овој месец, пратениците го запрашаа Facebook како може да се очекува од нив да и веруваат на фирмата чија колекција, складирање и злоупотреба на податоците на клиентите ја чинеа 5 милијарди американски долари казна. Како и да е, ова не ги спречи новите потенцијални членови да го следат својот интерес – вклучително и Monex Group Inc – сопственик на хакираната Јапонска крипто берза Coincheck – платформа за трговија со дигитални валути во Тајван, Maicoin, па дури и вечните ривали на Цукерберг, близнаците Винклвос.

Leave a comment