Чекор по чекор водич за како да отворите Биткоин паричник

Ако сте нов биткоин инвеститор, разбирањето на тоа како работат паричниците е од суштинско значење. Клучната единица за складирање на клучеви за биткоин и altcoins, паричниците се онаму каде што дигиталните валути се трошат, примаат и обележуваат. Освен блокчејнот и coin hash, паричникот е една од основните структури во светот на Новите Финансии.

Како да креирате паричник?

Разбирањето на паричниците

Во суштина, паричникот е база на податоци која се чува или онлајн или офлајн, и која го чува приватниот клуч за монети во ваша сопственост. Кога ќе направите трансакција, вие ја потпишувате трансакцијата со вашиот приватен клуч, со кој ја потврдувате вашата сопственост на монетите и вашето право да ја иницирате трансакцијата. Блокчејнот го кодира пренесениот биткоин со приватниот клуч на примачот, формално ја пренесува сопственоста. Ова е скоро еднакво на физички паричник, каде што земате пари од вашиот паричник и дозволувате некој друг да ги стави тие пари во својот паричник.

Паричникот може да постои како физички уреди, на хартија (што е само отпечаток од вашите јавни и приватни клучеви, вистинските монети постојат на блокчејнот), како софтвер на приватен компјутер или управувана веб-сметка. Ако некој паричник некогаш стане недостапен, приватниот клуч ќе биде недостапен, со што биткоинот ќе биде “изгубен” и нема да може да се троши. Соодветното управување со паричникот бара заштита на лозинки и на било какви физички средства, да се има backup опција и информирање на соодветни поединци за тоа како да се пристапи до паричникот во случај сопственикот да не е способен или ако умре.

Многу берзи, вклучувајќи ја Coinbase, автоматски создаваат паричници за новите акаунти како учтивост. Се што треба да направат новите претплатници е само да ги наполнат таквите паричници со биткоин или altcoins. Како и да е, со оглед на тоа што провајдерите на управувани паричници имаат тенденција да наплатуваат трансакциски надоместоци за која било надворешна трансакција, можеби е поевтино да се разгледа опцијата во која вашиот паричник не е управуван.

Постојат многу опции за бесплатни паричници. Користењето опција за веб-паричник значи дека, сепак, го споделувате вашиот приватен клуч со трето лице. За заштита на приватноста, ова може да биде недостаток, но за новиот корисник, ова е најлесната опција на располагање.

Креирањето на нов паричник

Како пример, ќе побараме креирање на нов паричник на blockchain.info:

Чекор 1: На страницата на blockchain.info, скролајте до “New to Digital Currencies?” Click on “Get a Free Wallet.”

Чекор 2: Внесете го вашиот е-мејл и лозинка. Потврдете ја лозинката и вклучете го Terms of Service полето. Притиснете “Continue.” Бидете сигурни дека ќе одберете лозинка која веројатно нема да ја заборавите и темелно ги прочитате условите за користење.

Чекор 3: Кликни “Get Started”.

Чекор 4: Вашиот паричник сега е онлајн. Сега можете да креирате адреса на која ќе добивате монети со притискање на “Request.” Ќе ви биде потребен акаунт од берза за да го финансирате вашиот паричник. Откако ќе се финансира, можете да испраќате монети со притискање на “Send”.

Конечни забелешки

Имајте на ум дека на различни паричници се сместуваат различни монети. На пример, паричникот на blockchain.info може да ви ја покаже вашата сума на крипто во долари или во BTC, ЕТH или BCH. Ова значи дека треба да земете во предвид кои монети ќе ги прифаќа паричникот пред да одлучите кој паричник ќе го користите.

Релативно е лесно да се користи паричник. Сепак, важно е да ги разберете ризиците и да ја извршите потребната анализа заради максимизирање и заштита на вашите инвестиции.

Leave a comment