Централни банки за прв пат извршија прекугранични плаќања со блокчејн

Централните банки на Канада и Сингапур направија тест за прекугранични исплати користејќи блокчејн технологија и дигитални валути на централните банки.

Банката на Канада (BoC) и Монетарната власт на Сингапур (МАS) заеднички објавија во четвртокот дека успешното тестирање – прво од ваков вид помеѓу две централни банки – покажа “голем потенцијал за зголемување на ефикасноста и намалување на ризиците за прекугранични плаќања”.

BoC и MAS ги поврзаа нивните блокчејн проекти, Jasper и Ubin, кои се изградени на две различни блокчејни мрежи: Corda на R3 и Quorum на JPMorgan, соодветно. Двете мрежи беа поврзани со техника која се вика hashed time-locked contracts и дозволена беше директна исплата наспроти исплата (PvP) без потреба од посредник.

Тие што позајмија техничка подршка за проектот беа Accenture и JPMorgan, кои помогнаа во развојот на Канадскиот проект за Corda и проектот на Сингапур за Quorum, соодветно.

Скот Хендри, специјалниот директор на Банката на Канада за финансиска технологија, изјави:

“Светот на прекугранични плаќања е комплициран и скап: нашето истражувачко патување во користењето на дистрибуираната ledger технологија DLT, и обидите да ги намалиме некои од трошоците и да ја подобриме следливоста на овие плаќања, даде многу лекции”.

Jasper и Ubin се во тек уште од 2016-та година како дел од напорите за зголемување на ефикасноста на банкарските плаќања.

“Успешниот исход на проектот “Jasper-Ubin” е голема пресвртница за модернизација на прекуграничните и крос-валутните трансакции “, изјави директорот на Accenture, Дејвид Трет.

Двете централни банки, исто така, заеднички објавија извештај во кој се опишуваат различните дизајн опции за да се овозможат такви системи за порамнување и наведуваат:

“Фрагментиран свет, со различни стандарди, процеси, норми и регулативи денес е клучниот предизвик во прекуграничните плаќања. DLT би можел да понуди полесен и побрз пат кон усвојување, отколку централизиран пристап, бидејќи може да ги остави различните држави вклучени во контролата на нивниот дел од мрежата, истовремено овозможувајќи тесна интеграција со останатиот дел од мрежата.”

Сепак, тие додадоа дека Jasper-Ubin проектот е експериментален по природа и дали на крајот ќе се користи блокчејн технологијата за “високо вредни” прекугранични плаќања “останува да се види”.

BoC и MAS понатаму ги повикаа другите централни банки, финансиски институции и технолошки компании да се приклучат на иницијативата за правење на прекуграничните плаќања “поефтини, побрзи и побезбедни”.

Leave a comment